Legal notices
1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и ORFEJСо користење на овие web страници, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници. 2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТАORFEJ DOOEL ја почитува Вашата приватност и работи според следните начела:Напоменуваме кога ни се потребни Вашите лични податоци. Ги проследуваме податоците до трето лице давател на услугата која ја резервирате или ја плаќате преку ORFEJ DOOEL. Истотака ги користиме Вашите лични податоци за обработка на Вашите барања во рамките на системот на резервации на ORFEJ DOOEL и повремено да Ве известиме за новините кои се однесуваат на услугите на ORFEJ DOOEL. Заради точноста на Вашите податоци во моментот кога побарувате наша услуга или друга информација Ве молиме да не известите доколку дојде до промени во Вашите лични податоци или доколку погрешно се внесени.Доколку забележите дека ORFEJ DOOEL не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на orfej@orfej.com.mkзаради итна корекција на евентуалите пропусти односо решавање на проблемнот во што покус рок.3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИЧНО, НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕОвие web страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.4. СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕСодржините на овие web страници се сопственост на ORFEJ DOOEL, 1000 Скопје, ул. 11 Oktomvri br. 2, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).5. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТАИнформациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, Сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се одстрануваат. ORFEJ DOOEL го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.6. ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕСо користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранњети нелегални цели и дејствија.7. ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦАОвие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а ORFEJ не sноси одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.8. ПРОМЕНА НА ОВИЕ И ДРУГИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕORFEJ DOOEL го задржува правото да ги менува условите за користење на web страниците и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.9. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ORFEJ DOOEL НА ОВИЕ СТРАНИЦИWeb страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш назор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внес на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап на овие web страници.10. ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИORFEJ DOOEL ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на овие страници и да ја проширува својата понуда. Трансакциите со кредитни картички во овој момент не се активни поради што препорачуваме печатење на формуларот за резервација со авторизиран потпис од носителот на кредитната картичка и испраќање на fax со фотокопија од кредитната картичка. ORFEJ 1 DOOEL- Скопје