Порталот на клиентите им овозможува да плаќаат со уплатница и платежни картички Mastercard, Maestro, Visa и Visa Electron.
За ден на плаќање се смета датумот на кој договорната страна врши плаќање со платежната картичка. Кога се плаќа со уплатница во банка, датум на плаќање е денот кога orfej.com.mk открие прилив од корисникот или тогаш кога корисникот ќе испрати доказ за направена уплата по факс или e-mail.
Авансот за резервација и трошоците за резервација кои треба да ги плати патникот по пополнување на пријавата изнесува 30% од цената на аранжманот или од цената наведена во програмата за патување. Остатокот корисникот го плаќа најмалку 10 дена пред патувањето, или како што е наведено во програмата. Во случај кога остатокот од договорните обврски патниците не ги платат во предвидениот рок се смета дека престануваат со патувањето, и започнува да се применуваат одредбите за престанок на патувањето на патниците (точка " Право на патникот за откажување на патувањето од Општи услови и упатствата за патување на СКТМ).
Навремено и точно плаќање на аранжманот на патникот му се гарантираат одредени права и обврски како и услови наведени во Општи услови и упатства за патување на СКТМ.