Т.А ОРФЕЈ е синоним за доверба која трае 20 години.
Од 1990 година, компанијата бележи постојан раст во сите области и аспекти на работењето, ги проширува содржините и го унапредува квалитетот на понудата.
Туристичката агенција ОРФЕЈ е основана од чисто приватен капитал, од оснивачот и директор Снежана Јовановска Трајковска. Организационо и деловно е поставена како отворена, флексибилна и развојна во областа на туризмот, деловните патувања како и се она што е поврзано со туризмот.
Основата на деловно - развојната стратегија е резултат на стекнатото искуство во модерниот Европски и Светски туризам, кој ги следи потребите на современиот човек, да ги сочува и обновува своите работни способности, да го запознае светот околу себе, други земји, култури и обичаи.
Посебно внимание се обрнува на специфичните категории, како што се деловните луѓе, на кои природата, содржината и динамиката на работата ги условуваат на потреба од комбинирани деловни, туристички и рекреативни патувања. Нашиот најголем капитал и темел на нашата иднина е угледот, меѓу туристите и деловните луѓе - корисници на нашите услуги, како и меѓу нашите деловни партнери во земјата и светот.