orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Далечни патувања

ПОРТО и ЛИСАБОН

ПОРТО и ЛИСАБОН

                           Термин :  19-24 МАЈ 2022                             

Авион - 6 дена / 5 ноќевања

 

1.ден : Скопје - ПОРТО

Состанок на групата на паркингот пред хотел ВИП скопје спроти Ист гејт молот. 06.00 часот. Трансфер до аеродром. Лет за Порто во 09.20 часот , се патува со со едно преседнување . Слетување во Порто во 17.25 часот (по локално време). Организиран трансфер до хотел, сместување. Ноќевање.

 

2.ден : ПОРТО

Појадок. По појадокот, Факултативно разглед на Порто. Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен.

Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готички стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос, Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)... Разгледот продолжува со попатна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино. Ноќевање.

 

3.ден : Порто - Лисабон

Појадок. По појадокот одјвување од хотел и заминување кон Лисабон. Организиран трансфер до Лисабон со попатна посета на Фатима и Куимбра. Иако во минатото Фатима преставувала село, денес е важен центар на аџилак на католишките верници Името го добива по муслиманската принцеза Фатима, која што била грабната од христијанските сили и христијанизирана на сила. Коимбра, четвртиот најголем урбан ценатар во Португаилја (по Лисабон, Порто и Брера), кој се протега долж реката Мондего. Покрај големиот број на историски знаменитости од посебно значење е Универзитетот Коимбра, најстарата академска институција во Португалија, основана во 1290. година, во минатото имал и свој сопствен суд и затвор за студенти и професори кој се наоѓал под библиотеката. Пристигнување во Лисабон. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

4.ден :               Лисабон – Парк на нации

Појадок. По појадокот Факултативно , разглед на главниот и најголемиот град на Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Разгледот продолжува со прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот изграден за потребите на ЕXPO ’98 последната најголема светска изложба во 20ти век, денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Тоа е Комбинација на многубројни излошбени простори , привлецни шеталишта, најголемиот океанографски музеј, продавници и ресторани. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа 17км ,,Васко де Гама”. Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Тој преставува најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на прекрасен лавиринт со тесни калдрмени улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Можност за посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.

 

5.ден :      ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ

Појадок. По појадокот организиран целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, кое е најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање

6.ден  :          Лисабон –Скопје

одјавување од хотел  рано наутро и организиран трансфер до аеродром. Полетување  во 07:25 часот. Пристигнување во 15.15 часот. Трансфер до Скопје.

ЦЕНАТА за уплати до 28.04.2022:

599eур (37.140,00 ден)

 

ЦЕНАТА на аранжманот:

699eур (43.340,00ден)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Авио билет на релација Скопје – Истанбул – Порто / Лисабон – Истанбул - Скопје

со авио компанијата Turkish Airlines

- Чекирано парче багаж (куфер) до 30кг и рачен багаж до 8кг

- 2 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3*** Порто

- 2 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3*** во Лисабон

-1 нокевање без појадок последниот ден во истиот хотел во Лисабон

- Трансфери на релација аеродром хотел во Порто

- Трасферот од хотел во Лисабон до аеродром

- Трансфер на релација Порто - Лисабон

-  само Посета на градовите Фатима и Коимбра

- Лиценциран придружник за време на целото патување

- Целосна реализација и организација на патувањето

 

Во цената на аранжанот НЕ е вклучено:

· Аеродромски такси 140еур (8680 мкд)

· Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока,  Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена -80 еур

  • - Факултативно раглед на градот Порто ......  20,00 еур
  • - Факултативно разглед на градот Лисабон ... 20,00 еур

· Туристичка такса – 20еур (се плаќа во агенција)

· Влезници во музеи и културно историски споменици

· Карти за локален превоз

· Патничко- здраствено осигурување (задолжително, информација во агенција)

- Доплата за еднокреветна соба 220еур (13.640,00 мкд)

 

НАПОМЕНА:

За овој аранжман важат Општите услови за патување .

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации

*** Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето ***

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени цената на аранжманот, доколку не се оствари минималниот број на патници
Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот.
Организаторот го задржува правото да за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.