orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни понуди 2020

СТ. ПЕТЕРСБУРГ И МОСКВА

РУСИЈА  на пролет / МОСКВА и СТ. ПЕТЕРСБУРГ

Авион/ 7 дена/ 6 ноќевања                                 ТЕРМИН:  21.05 - 27.05.2020

1 ДЕН :          СКОПЈЕ- БЕЛГРАД  -СТ ПЕТЕРСБУРГ        

Состанок на групата на аеродромот Скопје во 02,45 часот. Лет од Скопје за СТ Птерсбург преку Белград во 04,25 часот. Пристигнување во Ст. Петерсбург во 10.25 часот. Трансфер до хотелот  со запознавање со СТ. Патрсбург. Сместување во хотелот.  Ноќевање.

2 ДЕН:САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ (Факултативно Разглед и Ермитаж)

Појадок. Факултативно панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, … Ке ја видиме Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Факултативно посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата (превоз со метро). Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо… Препорачуваме посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање. 

3 ДЕН:САНКТ ПЕТЕРБУРГ-  ПЕТЕРГОФ + ЦАРСКО СЕЛО ПУШКИН (ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА)

Појадок. Факултативна целодневна екскурзија до фантастичниот Петергоф (три часа), со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Факултативно посета на  летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин  (три часа). Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Ноќевање.

4 ДЕН             САНКТ ПЕТЕРСБУРГ- МОСКВА     

Појадок.Организиран трансфер до Аеродромот во Санкт. Полетување за Москва  директен лет , пристигнување во Москва. Трансфер до Хотелот. Сместување во хотел со 3 ***. Слободно попладне. Нокевање

5 ДЕН:            МОСКВА – КРЕМЉ             

Појадок.Факултативно,панорамски разглед на Москва:Црвениотплоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Ново девичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов,  ( се патува со метро - едно од најубавите метроа во Светот каде секоја метро станица е музеј за себе. Попладне,Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад.Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топод 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда” и обиколка на царската ризница богата со круни, злато, дијаманти… Слободно време за индивидуални прошетки, можност за посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад .Ноќевање.

6 ДЕН:                        МОСКВА

Појадок. Слободен ден за индивидуална прошетка или групна на Црвениот плоштад.Вечерна факултативна прошетка во Москва продолжува со обиколка на некоја од најубавите метростаници со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури .Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Radisson.Ноќевање

7 ДЕН: МОСКВА- БЕЛГРАД-СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот. Лет за Белград во11.00 часот. Пристигнување во Белград. слободно време и можност да го посетите Белград. Доцна вечерта лет од Белград за Скопје во 00.40часот

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 10 НОЕМВРИ 2019 :459ЕУР (28.458 МКД)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  599 евра    (43.338 денари)

 

Цената на аранжманот вклучува:

– Д Авионски превоз на релацијата  Скопје– Белград - Москва -Санкт Петербург/ -Белград-Скопје

– Трансферите во Ст. Петерсбург и во Москва од аеродромот до хотелот и обратно

– Авионски превоз од Москва до Санкт Петерсбург 

– Сместување во Хотел во Москва со 3*** на база 3 ноќевања со појадок

– Сместување во Хотел во Санкт Петербург со 3 звезди на база 3 ноќевања со појадок

– Туристичка виза на Руската Федерација ( Ваучер за туристичка посета на Русија)

- Рачен багаж до 8 кг ( димензии  40х30х20)  рачен багаж ( ранец, торба)

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

– Аеродромски такси 158,00 еур кои се променливи

– Факултативни излети (вклучени влезници, превоз и локален водич)

МОСКВА

* Разглед на Москва …………………. 30 ЕУР /водич и превоз со Метро

* Кремљ 65 евра,  /влезница / водич и превоз со метро/

СТ. ПЕТРСБУРГ

*Разглед на Ст. Петерсбург………… 30 ЕУР ( со метро и пеш)

* Петропавловската тврдина………. Влезница/Водич….30 ЕУР

* Ермитаж 40евра,  /влезница и водич /

* Петродворец Петергоф 55 евра, ( превоз со мини бус/ влезница/водич/Слушалки)

* Царско Село Пушкин 55 евра,  ( превоз со мини бус/ влезница/водич/Слушалки)

– Патничко-здравствено осигурување 350 денари

НАПОМЕНИ:

- за чекиран багаж и повеќе килограми се доплаќа според условите на авио компаниите.

-За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници

-Багажот се доплака според условите на авиокомпаниите 

-За овој аранжман важат општите услови за патување .

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Цената за Рана Уплата важи за целосна уплата и само до датата објавена на понудата.

Цените седаденивоевра, уплататасевршиводенарскапротивредност 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Забелешки:

При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.

- Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.

-Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми

- Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.

-Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма

- Уплата исклучиво во МКД  курс  1 ЕУР   =  62,00 МКД


ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман

 

НАПОМЕНИ:
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници,  нема да се откаѓе аранжманот, но цената ке претрпи одредена промена во согласнот со патниците кои се пријавени.

- Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 5 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. 
- Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место.
- Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
- Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. 
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. 
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
- За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
- Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
- Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.

 

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.