orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Далечни патувања

ЗА 8 МИ МАРТ ВО ДВАТА ГРАДА НА МОДАТА МИЛАНО И ЊУЈОРК

8 ДЕНА / 6 НОЌЕВАЊА

МИЛАНО-Се претпоставува дека Милано бил подигнат од Келтите во Северна Италија, околу 600. г.п.н.е., а бил освоен од Римската Империја околу 222. г.п.н.е. Римјаните му го дале името Медиоланум. Во 4. век, во времето на бискупот Св. Амброзио и императорот Теодосиј I, Милано еден ограничен период служел како главен град на Западната Римска Империја.Името Милано потекнува од келтскиот збор Medelhan, кој значи „во средина на рамнината“.Во центарот на Милано живеат нешто повеќе од 1,3 милиони жители. Но, заедно со предградијата, Милано ја сочинува петтата најголема урбана средина во Европа, со 5,2 милиони жители. Ако на тоа се додаде и одличната сообраќајна поврзаност со населбите надвор од неговите административни граници, тогаш добиваме град со повеќе од 8 милиони жители.Познатата оперска куќа во Милано, која воедно е и најголема во Европа, се вика "Teatro alla Scala", што значи „театар на скалила“. Капацитетот на ова здание е 2.000 гости.Најголема атракција, секако, претставува импресивната готска катедрала Дуомо, врз која е поставена статуа од Мадонина (Мала Богородица), заштитничката на градот.

"Њујорк, Њујорк", 

инспирација, еден фасцинантен шарм, големи светла, “бетонска  џунгла”, каде што се остваруваат соништата, кокетен, бескрајно привлечен, од своето основање до денес. Овде е се она што пред посетата на Њу Јорк сме можеле да го видиме на телевизија и филмови со кои сите сме пораснати, облакодерите во Менхетен, заводливите излози на Tyffany & Co, жолтите такси возила, Централ Парк во кој многу уметници нашле инспирација. Држава, град, остров, Големото јаболко, посебен од сите, изолиран, самоуверен, достоинствено стои на своето место и со раширени раце не поканува сите нас да напишеме нова книга, композиција, песна, да видиме нови бои, да почувствуваме нови мириси, да видиме нови лица во милионски број, да ја осетиме релаксираноста во атмосферата која не носи со секој чекор по мекиот бетон или едноставно да го потполниме нашиот фото албум со светски знаменитости, скапоцени моменти.

ПРОГРАМА

1 ден (06.03.2020) | Скопје –Милано

Поаѓање од аеродромот Александар Велики - Скопје. Полетување од Скопје во 12.20 ч. Пристигнување во Милано во 14.25 ч. Трансфер до хотелот во Милано. Сместување во хотел 4 звезди. Слободно попладне и индивидуални активности и шопинг. Нокевање.

2 ден (07.03.2020) | Милано

Појадок. ( ФАКУЛТАТИВНО ) : Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Нокевање

3 ден (08.03.2020) | Милано - Њујорк

Појадок, Трансфер до аеродромот Милано. Лет за Њујорк. се патува до Њујорк. Слетување на аеродромот во Њујорк во попладневните часови. Организиран трансфер до хотел и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Можност за вечерна прошетка низ Time Square, најпрометниот дел на Mенхетан, каде што до доцните вечерни часови можете да прошетате, купувате, вечерате. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (09.03.2020) | Њујорк

 (ФАКУЛТАТИВНО) Разглед на Њујорк со водич (4 часа). Среден (Lincoln  CentarFifth AvenueTime SquareEmpire State Building) и Долен Менхетан (Greenwich village, Soho, Chine town, Little Italy, Финансискиот кварт или познатата Wall Street). Слободно време за индивидуални прошетки. Слободно време. Ноќевање.

5 ден (10.03.2020) | Њујорк 

(ФАКУЛТАТИВНО), Можност за организирање крстарење околу Менхетан во времетраење од 2.5 - 3 часа, каде што ќе имате можност за незаборавно откривање на Њујорк. После крстарењето, можност за посета на Кипот на слободата. Доживејте ја незаборавната панорамска глетка на Њујорк, со единствена можност за запознавање на крајбрежниот дел на Менхетан, три реки, седум големи мостови и над 25 светски познати места. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден (11.03.2020) | Њујорк

Слободно време за индивидуални прошетки низ Њујорк. Можност за *факултативна посета на една од Бродвејските претстави: Мама Миа, Лион Кинг, Чикаго  или можност за прошетка по Петата Авенија, Централ парк, можност за целодневна прошетка и посета на познатиот шопинг центар Мол Вудбури Комонс - трговски центар со над 220 продавници од најпознатите модни креатори по многу ниски цени (Келвин Клајн, Дона Карран, Армани, Гучи, Макџ Мара, Ралф Лаурен, Томи Хилфигер, Тимберленд и многу други). Враќање во хотел. Ноќевање.

 

7 ден ( 12.03.2020 )  Њујорк –Милано

Слободно време. Трансфер до аетродромот. Полетување од Њујорк во попладневните часови за Милано. Нокен лет.

8 ден (13.03.2020) Милано- Скопје

Слетување во Милано предпладне. Лет за Скопје 15.00 часот. Пристигнување во Скопје во 17.05 часот.

ЦЕНОВНИК 

По Лице Во Трокреветна Соба

По Лице Во Двокреветна Соба

1049 €

1199 €

 

 

АРАНЖМАН 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Повратен авиобилет на релација Скопје – Милано - Њујорк –Милано -Скопје
  • Хотелско сместување во Милано хотел со 4* на база 2 НП (нокевање/појадок)
  • Хотелско сместување во Њујорк хотел со 4* на база 4 Нокевања (без појадок)
  • Трансферите во Милано од аеродром до хотел и обратно
  • Трансферите во Њујорк од аеродромот до хотелот и обратно

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Виза за УСА  160 $;
  • Факултативни посети наведени во програмата;
  • Лични трошоци;
  • Бакшиш за локалните водичи и возачи;
  • Патничко осигурување;
  • Осигурување од отказ на патувањето;

Факултативни излети (цените се информативни и променливи до датумот на патување)

  • Крстарење околу Менхетан - 50 €;
  • Разглед на градот - 30 €
  • Влезница за посета на Емпаер Стејт Билдинг 86 спрат - 50 €;
  • Влезница за посета на Музејот Метрополитен - 29 €;
  • Влезница за посета на Музејот Гугенхајм - 29 €;
  • Влезница за МОМА - 29 €;
  • Влезница за Националниот историски музеј - 35 €;
  • Шопинг тура до трговскиот центар Мол Вудбури Комонс (јавен превоз + водич) - 60 €;

Напомена:

Патниците мора да имаат пасош со валидност над 6 месеци од терминот на патување.

 

ВИЗА:

Сите информации во врска со потребната документација за виза, можете да ги добиете во канцелариите на ТА Орфеј Скопје. Агенцијата посредува при закажување на термин и пополнување на онлајн формуларите. Документацијата и барањето за виза се поднесуваат ЛИЧНО. Ги замолуваме патниците внимателно да ја прочитаат програмата за патување, информациите и општите услови за патување.

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организиторот го задржува правото за отказ на патувањето и е должен за известување на патниците најдоцна 5 дена пред патувањето и во зависност од расположливост со места да им биде понудено алтернативно патување;
  • Организаторот има право за измена на програмата и времето на поаѓање со претходно известување на патниците;
  • Надоместокот за аеродромски такси се предмет на промена и конечниот износ за надоместокот за аердоромски такси е потврдено на денот на издавањето на авиобилетите;
  • За резервација е потребно валиден пасош и авансна уплата од минимум 50% од вкупниот износ;
  • Конечно известување за патување патниците ќе добијат 3 - 5 дена пред патувањето.

*** Минимален број  на патници : 10 ***