orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Велигденски понуди 2020

Фиренца - Сиена - Пиза

Термини: 20.04-23.04.2020 

цена  за уплата до 10.02.2020: €249,00

1 ДЕН: СКОПЈЕ-НИШ –БОЛОЊА-

Состанок на групата пред хотел Холидеј ин во Скопје. Трансфер до аеродромот во Ниш. Полетување за Болоњаво 16.10 и слетување во Болоња во 17.50. Трансфер до Монтекатини Терме (околу 1 час ) и сместување во хотелот во Монтекатини Терме. Препорачуваме полудневна факултативна посета Пиза Пристигнување во Пиза и прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија со Катедралата, Крстилницата и познатиот симбол – Кривата кула.Нокевање.

 

2 ДЕН: Фиренца – Сиена   цел ден  факултативно

Појадок. ФАКУЛТАТИВНО: ПОЛУДНЕВЕН, Разглед на главниот град на Тоскана: Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити... Mожност за посета на Галеријата Уфици која е една од најстарите и најпознати музеи во светот. Во неа се наоѓаат најпознатите дела на големите мајстори како Ботичели, Џото, Леонардо, Микеланџело, Рафаел, Тицијан...

Попладнето, ФАКУЛТАТИВНО , Препорачуваме полудневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

3 ДЕН : МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ- ПИЗА – ЧИНКВЕТЕРЕ  ( ЦЕЛОДНЕВНА)

Појадок.Појадок. Препорачуваме целодневна факултативна посета Пиза Пристигнување во Пиза и прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија со Катедралата, Крстилницата и познатиот симбол – Кривата кула. на CINQUE TERRE кој е под заштита на УНЕСКО од 1997 година и до кој се стигнува со воз од La Spezia. Cinque Terre е област на лигурското крајбрежје, во превод значи Пет земји, бидејќи е составено од пет села (Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola i Riomaggiore и заедно со околните планини го сочинуваат Националниот парк Cinque Terre. Зградите се шарени, претежно во пастелни нијанси, со тесни улички кој одамна му рекле “не” на модернизмот, и кој може да ги доживеете само доколку ги прошетате. Враќање во La Spezia и поаѓање за Монтекатини Терме. Нокевање.

4 ДЕН  МОНТЕКАТИНИ-БОЛОЊА-НИШ-СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот Болоња. Лет за Ниш во 13.45. Пристигнување во Ниш 15.20. Трансфер до Скопје. Пристигнување во Скопје околу 22.00 часот.

 

Хотел 3 *** во Монтекатини Терме    

За рана уплата до 10.02.2020  /  249 евра

Редовна цена на аранжманот:    299 евра

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Ниш - Болоња-Ниш
  • Трансферот од Скопје до аеродромот Ниш и обратно
  • Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг).
  • Организиран трансфер од Аеродромот Болоња до Хотелот и обратно
  • Сместување во хотел со 3 *** во Монтекатини Терме  на база 3  НП
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.500 денари
  • За чекиран багаж се доплака според условите на авиокомпанијата
  • Пакет заедно во еден ден двата града Фиренца и Сиена 85 Евра по лице
  • Разглед на Пиза 40 евра
  • Чинкветере целодневна со посета на 5те селца............... 70 Евра по лице
  • Пакет цена сите факултативи во тотал -180 евра

Влезниците во музеите и галериите не се вклучени во цената

  • Влезница за Галеријата Уфици 25 евра (резервација при уплата на  аранжманот)
  •  
  • Туристичка такса 3,50 / 4,50 евра на ден (се плаќа во хотел на рецепција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци  или 90 дена по завршувањето на патувањето.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.