orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

2-ри Август

2-ри август во Валона!

Валона е петтиот најнаселен град во Република Албанија. Валона е стар град основан во шестиот век п.н.е., првично познат по името Аулона. Градот се наоѓа на прекрасна локација, пред полуостровот Карабурун и Сазан
Остров и е опкружен со плажи и карпест песок. Градот носи историска важност за Албанија, бидејќи беше домаќин на Првото национално собрание, кое ја прогласи независноста на земјата од отоманското владеење на 28-ми ноември 1912 година. Музејот на независност е посветен на овој историски настан. Другите музеи вклучуваат етнографски и историски знаменитости.Валона е почетна точка на албанската ривиера и е една од најфреквентните области на албанскиот туризам кој нуди прекрасни песочни плажи и тиркизно море.

ПРВ ДЕН-30.07.2020 (ЧЕТВРТОК)Состанок на групата на паркингот на хотел Вип во 20:00, поаѓање.Ноќно возење со попатни паузи, гранични и  царински формалности,преку граничен премин Ќафасан. 
ВТОР ДЕН-31.07.2020 (ПЕТОК)
Пристигнување во Валона и сместување во хотел. Слободно време за плажа или индивидуални активности. Во вечерните часови  предвидено е  факултативна екскурзија на ноќен панорамски разглед со локален водич. Слободно време за прошеткa. Враќање во хотел. Ноќевање
ТРЕТ ДЕН-01.08.2020 (САБОТА)
Појадок. По појадокот факултативно крстарење кое започнува околу 09:30ч а завршува околу 18:00ч. На ова крстарење се посетува полуостровот Карабурун и островот Сазан односно маринскиот национален парк Карабун-Сазан. Карабурун е најголемиот полуостров во Албанија а на 5км воздушна линија се наоѓа најголемиот остров по површина во Албанија – Сазани. Овој Марински парк е неформална граница помеѓу двете мориња, јонско и јадранско. Покрај ова се посетува и пештерата Xaџи Али која името го добива по албанскиот воин и трговец од Улцин кој бегајќи од морските разбојници засолшниште наоѓа во ова пештера. Пештерата е висока 30м и широка 10-12м. Во неа се пронајдени археолошки остатоци од антички цивилизации ( Грчки и Римјански). Враќање во хотел. Ноќевање.
ЧЕТРВРТ ДЕН-02.08.2020 (НЕДЕЛА)
Појадок во хотелот.По појадокот факултативна посета на градот Орикум или слободни активности. Орикум е град и поранешна општина во округот Влора, кој се наоѓа во југозападна Албанија. По реформите на локалната самоуправа во 2015 година настанало поделба на општината Валона. Името го добило по античкиот град Орикум, кој се наоѓал на 4 км западно од модерниот Орикум. Враќање во хотел. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН-03.08.2020 (ПОНЕДЕЛНИК)
Појадок во хотел. По појадокот следува факултативна посета на островот Звернец на кој меѓу борова шума се наоѓа православен манастир од 1300 година и црквата Св. Тројца. Островот е поврзан со дрвен мост со копното. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи, граница и царински формалности. Пристигнување во Битола во раните утрински часови на 04.08.2020.



Промо цена: 139 евра
Редовна цена: 169 евра



Сместувачките капацитети за ова патување ќе бидат дополнително објавени!

РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ : 21.07.2020

Што е вклучено во цената
– Организиран превоз од:Скопје, Велес, Кавадарци (Дреново), Прилеп, Битола, Ресен, Охрид и Струга
– 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок
– Туристички придружник за време на патувањето и престојот
Што не е вклучено во цената
– Ноќен панорамски разглед со локален водич (5е)
– Полудневно крстарење (25е)
– Посета на градот Орикум (10е)
– Посета на островот Звернец (10е)
– Туристичка такса(3е)- задолжително се плаќа во автобус