General

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1.ДЕН БЕЛГРАД-МОСКВА

Состанок на групата на аеродромот во Белград Никола Тесла,2 часа пред летот.  Лет за Москва

за тргнување  30.07.-09.08.  Лет JU  650  во  06:30 часот

за тргнувања  19.08 – 29.08  ЛетSU 2091  во 13:200 часот

Трансфер и сместување на брод. Факултативно: Московско метро. Вечера. Ноќевање.

2.ДЕН МОСКВА

Појадок. Програма на бродот. Ручек. Пристигнување на пристаниште.

Панорамски разглед на Москва со автобус, придружувани од водич за српски јазик (без влез во објектите). Градот Москва бил именуван по реката Москва. Основан е од страна на Принцот Јуриј Долгорукиј во 1147 год. Има повеќе од 13 милиони жители и зафаќа површина од 1000 км². Се наоѓа на седум ридови. Ќе имаате можност да ја видите Тверска улица, Црвениот плоштад, Мавзолејот на Ленин, црквата на Василиј Блажени, стоковната куќа ГУМ, историскиот музеј, Бољшој театарот, Универзитетот Ломоносов, Новодевичанскиот манастир и фантастичната панорама на градот, кој се пружа од Воробјовите ридови. Факултативна посета  на Кремљ: Успенска, Архангелска и Благовештанската Црква (влез во една од црквите), Царскиот топ – направен во шеснаесеттиот век, тежи 40T, Царското- ѕвоно – најголемo во светот, тешко 202t, 6,14 м, надворешниот изглед на претседателската палата . Враќање на бродот. Факултативно: Оружана палата, . Вечера. Ноќевање

3 ДЕН  МОСКВА(испловување во 17.30)

Појадок.  Факултативанa посета на Третјаковската галерија, најбогатиот музеј со дела на руски уметници. Факултативна вечерна посета на метро, опосебно посета на некои од најубавите метро станици, кои наликуваат на музеи, богато декорирани со скулптури, мозаици, позлатени орнаменти, со мермерни столбови и портрети на националните херои. Ноќевање..

4 ДЕН  УГЛИЧ (16.30-19.30ч)

Појадок. Пристигнување во Углич. Ручек на родот или ланч пакет. Разглед на Углич, основан во 1148 год. Посебен впечаток ќе Ви остави погледот на градот од реката Волга: црквата Воскресение, црквата Свети Димитрија, угличкиот Кремљ со најстарата зграда-дворецот на Царот Димитрија. Каптaнска вечера на бродот.Ноќевање.

5 ДЕН  ЈАРОСЛАВ  (08.00-1200)

Појадок. Слободни активности на бродот. Ручек. Пристигнување во Јарослав. Разгледување на стариот пристанишен град на Волга со повеќе од 600.000 жители. Градот бил основан од страна на принцот Јарослав уште во XI век. Тука се наоѓаат многу вредни споменици кои сведочат за неговата богата историја. Посебно се издвојуваат манастирот Спасо-Преображeнски, во чија внатрешност е изградена најстарата црква во градот, црквата на Светиот Спасител. Исто така, тука се наоѓаат и други Соборни Цркви од 17 век, ротонда (остатоци од древниот трговски центар), една од најубавите културни споменици-Црквата на Светиот Пророк Илија од 17 век, која се наоѓа во центарот на градскиот плоштад, иконите на ѕидовите и сводовите, се музеј на старото руското сликарство. Продолжување со крстарењето. Вечера. Ноќевање.

6 ДЕН  ГОРИЦИ-ЗЕЛЕНА ОАЗА(10.00-14.00 часот)

Појадок. Слободни активности на бродот. Ручек. По ручекот впловување во Горици-типично руско село. Слободно време. Продолжување со крстарењето. Вечера. Ноќевање.

Факултативна екскурзија-Посета на Кирило-Беложерскиот манастир од XIV век и Музејот на икони.

7 ДЕН  ОСТРОВ КИЖИ (16.30-20.00часот)

Појадок. Пристигнување на Островот Кижи кој се наоѓа на северниот дел на езерото Оњега. Тоа е второ по големина во Европа и едно од најчистите езера во светот. Езерото има околу 1650 острови. Познато е и како  Музејот на отворено. Црквата Преображение со 22 куполи е вистинско ремек дело на руската архитектура. Изградена е без било каков метален дел-само со помош на секира и длето. Црквата ја изградил дрводелецот Нестор, кој според легендата, по завршувањето на својата работа ја фрлил секирата во езерото велејќи ‘’Црквата јa изгради мајстор Нестор. Црква, како оваа мојава не постои на ниедно друго место, ниту пак некогаш ке постои’’.

Испловување. Ручек. Слободно време на бродот. Вечера. Ноќевање.

8 ДЕН   ВЕРХИЈЕ МАНДРОГИ(11.00-14.30 часот)

Појадок во природна оаза, во селото Мандроги кое се наоѓа на брегот на реката Свир. Застанување  на брегот на реката Вердант. Можност за прошетка во природа и  рекреација. Ручек на брегот. Вечера. Ноќевање.

9 ДЕН   СТ.ПЕТЕРБУРГ (пристигнување во 09,00)

Појадок. Слободно време за одмор или факултативни екскурзии.Факултативно-Peterhof  -летната  царска резиденција,која по својата убавина незаостанува од францускиот Версај. . Ручек на бродот или ланч пакет.Факултативно посета на дворецот Јусупов. Вечера. Ноќевање.

10 ДЕН   СТ.ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Панорамско разгледување  на градот со автобус (без влез во објектите). Градот кој инспирирал некои од најголемите творци од современта литература, музика и визуелна уметност. Често се вбројува како еден од најубавите градови во светот, препознатлив по висока уметност, раскошна архитектура, богат ноќен живот, извонредна историја и културни традиции. Панорамскиот разглед вклучува разгледување на Невскиот Проспект, Црквата Св.Спас, Националната Библиотека, Дворскиот Плоштад и Бронзениот коњаник, Адмиралитетот, Казанската Соборна Црква, Исакијевската Црква, Петропавловската Тврдина, фасцинантните мостови, како и други споменици од најпознатите архитекти од тоа време како што се Роси, Растели, Монферан и Кваренги.Слободно време за одмор или факултативни екскурзии. Факултативно посета на Ермитаж, еден од најголемите и најубавите културно-историски музеи во човековата историја . Неговата огромна колекција на експонати  (над 3 милиони, од кои ремек дела на Леонардо Да Винчи, Ван Гог, Пикасо…) е изложена во 6  објекти на обалата на реката Нева. Главната зграда – Зимски Дворец, некогаш бил ресиденција на руските кралеви  .Возење по каналите на Нева…. Вечера. Ноќевање.

11 ден  СТ.ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Трансфер до аеродром. Лет  за Белград,

за тргнување 30.07-09.08  ЈU 671   во 11.05 часот.Пристигнување во  Белград 12.55 часот

за тргнување 19.08-29.08 SU 047 во 07.10 часотсо преседување во Москва .Пристигнување во  Белград 12255 часот.

 

ЗАБЕЛЕШКИ

Цената вклучува
-Авиобилет  на релација Белград-Москва-Ст.Петербург / Москва-Белград
-Полн пансион на брод(појадок-шведска маса, ручек-вечера-мени)
-Багаж-бесплатно 23кг
-Сместување во одбраната кабина
-Трансфер аеродром-брод-аеродром
-Разглед на градот и посети со влезници според програмата
-Водич

Дополнителни услуги кои се вклучени во цената
-Welcome cocktail-запознавање со екипажот со чаша шампањ
-Гала капетанска вечера
-За ручек и вечера,можност за избор: месо, риба или вегетаријанска храна
-Забавенa програмa на бродот, игри, филмови, часови по руски јазик, посета на капетанскиот мост
-Жива музика во барот секоја вечер
-Три концерти, од кои едениот е фолклорен

Цената не вклучува

-Аеродромски такси, околу 110- 134 евра во зависност од авиокомпанијата
-Бакшиш за екипажот околу 40евра

-Факултативните екскурзии:

ST.PETERBURG

 PETERHOF -дворец и парк со фонтана (50 еур),

Ермитаж (40 еур)

GORICI

Кирило-Беложерскиот манастир(38 еур)  

MOSKVA

Кремљ+Оружана палата(60 еур)

Вечерна посета на метро(20 еур),

Третјаковската галерија(30 еур)

Напомена:

– Редоследот на посетите и излетите се подложни на промени, во зависност од временските услови

– 30дена пред поашѓање ке биде објавено со кој брод ќе се реализира патувањето (од понудените два)

Санкт Петербург, Русија

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ 1.ДЕН БЕЛГРАД-МОСКВА Состанок на групата на аеродромот во Белград Никола Тесла,2 часа пред летот.  Лет за Москва за тргнување  30.07.-09.08.  Лет JU  650  во  06:30 часот за тргнувања  19.08 – 29.08  ЛетSU 2091  во 13:200 часот Трансфер и сместување на брод. Факултативно: Московско метро. Вечера. Ноќевање. 2.ДЕН МОСКВА Појадок. Програма на бродот. Read more

Москва, Русија

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ 1.ДЕН БЕЛГРАД-МОСКВА Состанок на групата на аеродромот во Белград Никола Тесла,2 часа пред летот.  Лет за Москва за тргнување  30.07.-09.08.  Лет JU  650  во  06:30 часот за тргнувања  19.08 – 29.08  ЛетSU 2091  во 13:200 часот Трансфер и сместување на брод. Факултативно: Московско метро. Вечера. Ноќевање. 2.ДЕН МОСКВА Појадок. Програма на бродот. Read more

We are sorry, there are no reviews yet for this cruise.