General

Автобус 4 дена / 2 ноќевања

Познат како Бисер на Јадранот, богат и моќен град кој постои уште од 1806 година. Град на поети,писатели, научници…кои напишале безброј вечни поеми кои живеат низ камените улици на Дубровник.
Дубровник е еден од уметничките центри на Медитеранот.
Дубровник е вечен град изграден од камен со архитектура инспирирана од ренесансата на 14-ти и 16-ти век.
 1 Ден. 29.12.2017    СКОПЈЕ – БУДВА – КОТОР – ДУБРОВНИК
Состанок на групата во 22.30 часот на паркингот кај хотелот “Александар Палас“. Поаѓање за Хрватска преку граничниот премин Блаце, Косово. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон, Албанија и Црна Гора. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности…
 2 Ден. 30.12.2017    БУДВА – ДУБРОВНИК
Пристигнување во Будва во утринските часови. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
3 Ден. 31.12.2017    ДУБРОВНИК – МЕЃУГОРЈЕ – МОСТАР
Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божја. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Вечера. ДОЧЕК НА НОВАТА 2018 година на култниот плоштад Страдун со познатиот ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.
4 Ден. 01.01.2018    ДУБРОВНИК – КОТОР –  СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Скадар, Косово. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 30 СЕПТЕМВРИ 2018 119 € / 7.999 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 139 € / 8.620 ден
Во цената на аранжманот е вклучено:

·         Автобуски превоз на дадената релација по програмата

·         Сместување во хотел со 3+ *** на база 2 полупансиони (шведски стол)

·         Организирани разгледи по програмата во Будва, Котор и Дубровник

·         Организација и водство на патувањето

·         Пратител – водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

·         Влезници за посета на културно – историските споменици

·         Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар (20 €)

·         Останати факултативни посети по програмата

·         Патничко осигурување

Напомени:

·         За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници

·         Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,оо

·         За патувањето важат општите услови на патување

 

 

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.

Дубровник

Автобус 4 дена / 2 ноќевања Познат како Бисер на Јадранот, богат и моќен град кој постои уште од 1806 година. Град на поети,писатели, научници...кои напишале безброј вечни поеми кои живеат низ камените улици на Дубровник. Дубровник е еден од уметничките центри на Медитеранот. Дубровник е вечен град изграден од камен со архитектура инспирирана од

Read more