General

8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА

 “Њујорк, Њујорк”, инспирација, еден фасцинантен шарм, големи светла, “бетонска  џунгла”, каде што се остваруваат соништата, кокетен, бескрајно привлечен, од своето основање до денес. Овде е се она што пред посетата на Њу Јорк сме можеле да го видиме на телевизија и филмови со кои сите сме пораснати, облакодерите во Менхетен, заводливите излози на Tyffany & Co, жолтите такси возила, Централ Парк во кој многу уметници нашле инспирација. Држава, град, остров, Големото јаболко, посебен од сите, изолиран, самоуверен, достоинствено стои на своето место и со раширени раце не поканува сите нас да напишеме нова книга, композиција, песна, да видиме нови бои, да почувствуваме нови мириси, да видиме нови лица во милионски број, да ја осетиме релаксираноста во атмосферата која не носи со секој чекор по мекиот бетон или едноставно да го потполниме нашиот фото албум со светски знаменитости, скапоцени моменти.

ЦЕНОВНИК 

Термин: По Лице Во Двокреветна Соба
27.12.2018-03.01.2019 1389 €
Промотивна цена до 01.10.2018 1199 €

 

ПРОГРАМА

1 ден (27.12.2018) | Скопје – Њујорк

Поаѓање од аеродромот Александар Велики – Скопје. Полетување од Скопје во утринските часови и со едно префрлување се патува до Њујорк. Слетување на аеродромот Ј.Ф. Кенеди во Њујорк во попладневните часови. Организиран трансфер до хотел и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Можност за вечерна прошетка низ Time Square, најпрометниот дел на Mенхетан, каде што до доцните вечерни часови можете да прошетате, купувате, вечерате. Враќање во хотел. Ноќевање.

2 ден (28.12.2018) | Њујорк

Слободно време за појадок. Разглед на Њујорк со водич (4 часа). Среден (Lincoln  CentarFifth AvenueTime SquareEmpire State Building) и Долен Менхетан (Greenwich village, Soho, Chine town, Little Italy, Финансискиот кварт или познатата Wall Street). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Слободно време. Ноќевање.

3 ден (29.12.2018) | Њујорк 

Слободно време за појадок. Можност за организирање крстарење околу Менхетан во времетраење од 2.5 – 3 часа, каде што ќе имате можност за незаборавно откривање на Њујорк. После крстарењето, можност за посета на Кипот на слободата. Доживејте ја незаборавната панорамска глетка на Њујорк, со единствена можност за запознавање на крајбрежниот дел на Менхетан, три реки, седум големи мостови и над 25 светски познати места. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден (30.12.2018) | Њујорк

Слободно време за појадок и индивидуални прошетки низ Њујорк. Можност за *факултативна посета на една од Бродвејските претстави: Мама Миа, Лион Кинг, Чикаго. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден (31.12.2018) | Њујорк

Слободно време за појадок. Можност за *факултативна посета на некој од познатите музеи како што се Музејот Метрополитен, Музејот Гегенхајм, Национниот Историски Музеј или МОМО. (во  еден ден можат да се посетат најмногу 2 музеи). Пречек на Нова Година 2019 на Тајмс Сквер со блескави светла, музика во живо, балони, конфети, огномети и кристална топка што паѓа на полноќ. (Оваа опција за пречек е бесплатна).

6 ден (01.01.2019) | Њујорк

Слободно време за појадок. Можност за прошетка по Петата Авенија, Централ парк, можност за целодневна прошетка и посета на познатиот шопинг центар Мол Вудбури Комонс – трговски центар со над 220 продавници од најпознатите модни креатори по многу ниски цени (Келвин Клајн, Дона Карран, Армани, Гучи, Макџ Мара, Ралф Лаурен, Томи Хилфигер, Тимберленд и многу други). Враќање во хотел. Ноќевање.

7 ден | Њујорк

Слободно време за појадок. Можност за индивидуална прошетка, шопинг или одмор. Факултативна екскурзија. Ноќевање.

8 ден | Њујорк – Скопје

Слободно време за појадок, индивидуални прошетки. Организиран трансфер до аеродромот Џ.Ф.Кенеди. Полетување од Њујорк во попладневните часови.

9 ден | Скопје

Слетување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.

АРАНЖМАН 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Повратен авиобилет на релација Скопје – Њујорк – Скопје (со едно преместување во Европа);
  • Сместување во хотел со 2* во околината на Менхетан;
  • Четири часовен орантационен разглед на Њујорк со водич (Македонски јазик);
  • Туристички придружник за време на целото патување во Њу Јорк (српски / македонски јазик) – следува доколку има пријавено минимум 12 патници.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 316 €;
  • Америчка виза 160 $;
  • Факултативни посети наведени во програмата;
  • Лични трошоци;
  • Бакшиш за локалните водичи и возачи;
  • Патничко осигурување;
  • Осигурување од отказ на патувањето;

Факултативни излети (цените се информативни и променливи до датумот на патување)

  • Крстарење околу Менхетан – 50 €;
  • Влезница за посета на Емпаер Стејт Билдинг 86 спрат – 50 €;
  • Влезница за посета на Музејот Метрополитен – 29 €;
  • Влезница за посета на Музејот Гугенхајм – 29 €;
  • Влезница за МОМА – 29 €;
  • Влезница за Националниот историски музеј – 35 €;
  • Шопинг тура до трговскиот центар Мол Вудбури Комонс (јавен превоз + водич) – 60 €;

Напомена:

Патниците мора да имаат пасош со валидност над 6 месеци од терминот на патување.

ВИЗА:

Сите информации во врска со потребната документација за виза, можете да ги добиете во канцелариите на ТА Орфеј Скопје. Агенцијата посредува при закажување на термин и пополнување на онлајн формуларите. Документацијата и барањето за виза се поднесуваат ЛИЧНО. Ги замолуваме патниците внимателно да ја прочитаат програмата за патување, информациите и општите услови за патување.

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организиторот го задржува правото за отказ на патувањето и е должен за известување на патниците најдоцна 5 дена пред патувањето и во зависност од расположливост со места да им биде понудено алтернативно патување;
  • Организаторот има право за измена на програмата и времето на поаѓање со претходно известување на патниците;
  • Надоместокот за аеродромски такси се предмет на промена и конечниот износ за надоместокот за аердоромски такси е потврдено на денот на издавањето на авиобилетите;
  • За резервација е потребно валиден пасош и авансна уплата од минимум 30% од вкупниот износ;
  • Конечно известување за патување патниците ќе добијат 3 – 5 дена пред патувањето.

*** Минимален број  на патници : 2***

 

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.

Њујорк

8 ДЕНА / 7 НОЌЕВАЊА  "Њујорк, Њујорк", инспирација, еден фасцинантен шарм, големи светла, “бетонска  џунгла”, каде што се остваруваат соништата, кокетен, бескрајно привлечен, од своето основање до денес. Овде е се она што пред посетата на Њу Јорк сме можеле да го видиме на телевизија и филмови со кои сите сме пораснати, облакодерите во Менхетен, заводливите излози на Tyffany

Read more