General

ДОЧЕКАЈТЕ ЈА НОВАТА ГОДИНА ВО РИМ

 

Програм : Авион 4 нокевања/5 дена

 

“Вечниот град”, “Градот на седум брда” или “Престолнината на светот” е всушност една од најатрактивните и најпосетени европски дестинации. Создавањето на Рим е обвиткано со магла од легенди, па без обзир на тоа колку ни делува нестварно, денеска најблиска ни е Легендата за Ромул и Рем и Волчицата која ги одгледала на Палатино, едно од седумте Римски брда. Според неа, Ромул откако го убил Рем, ги пронашол ѕидините на напуштениот град на брегот на реката Тибар и му дал име Рим. Ова се случило на 21 април 753 год, пред нашата ера, па со право градот го носи името Вечен град. Рим е културно-историски центар на Италија и Европа, а стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство. Овде е навистина премногу тешко да се одвои она што мора де го видите, но сепак ќе ги спомнеме најинтересните и најважни знаменитости. Не пропуштајте ја посетата на Ватикан, на Колосеумот, Црквата Св. Петар, Шпанските скали, Виа Венето и секако фрлете паричка во фонтаната Ди Треви со желба повторно да дојдете во овој град кој ќе ви остане во незаборавно сеќавање.

31.декември (недела)    СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:15 часот. Лет за Рим W6 7757 во 13:15ч. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот со панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви… Сместување и слободно време за индивидуални активности. Индивидуално присуство на пречекот на Новата Година, на некој од градските плоштади. Ноќевање.
01.јануари (понеделник)    РИМ – НЕАПОЛ – СОРЕНТО
Појадок. Факултативна посета на Неапол и Соренто. Неапол е најголемиот град во Јужна Италија, кој изобилува со голем број на историски споменици, скулптури, театри, опери… поради што и го нарекуваат музеј на отворено. Панорамски разглед на градот со локален водич: разглед на Градскиот плоштад “Piazza del Plebiscito”, Општинската зграда, замокот Кастел Нуово, театарот Сан Карло, кралската палата “Palazzo Reale”, националната библиотека… Заминување кон Соренто. Преку заливот на Неапол лежи најимпресивниот брег – Сорентинската пенинсула, со поглед кон Неапол, вулканот Везув и островот Капри. Разглед на Соренто со локален водич: Базиликата Св.Антонио Абате, манастирот Сан Франческо, како и многубојните тесни и прекрасни улички, каде што ќе може да го набавите прочуениот италијански пијалок лимончело, произведен во Соренто. Враќање во Рим во вечерните часови. Ноќевање
02.јануари (вторник)    РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Слободно времее за индивидуални активности и прошетки, или факултативна посета на Ватикан: Систинската капела, Ватиканските музеи и црквата Св.Петар. По разгледот, прошетка преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, познат и како уметничката четврт на Рим. Убава можност за краток одмор и уживање во вкусот на италијанското кафе. Вечерта, можност за факултативна вечера во национален ресторан, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
03.јануари (среда)    РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Слободно времее за индивидуални активности и прошетки, или факултативна посета на паркот Tиволи. Прекрасната “Villa D’Este” и нејзината градина, се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Можност за попладневна прошетка и посета на црквите низ Рим (со метро): катедралната црква посветена на Св. Павле, црквите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, Сан Пјетро ин Винколи, како и црквата Сан Клементе со капелата и гробот на Св. Кирил. Ноќевање.
04.Јануари (четврток)    РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно утро за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Рим во 12:30ч. Лет за Скопје W6 7758 во 15:30ч. Пристигнување во Скопје во 17:05 часот.

Цена на аранжманот

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 30.09.2018

449 € / (27.840 мкд)

 

399 € / (24.740 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:

·         Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје

·         Аеродромските такси во Скопје и Рим

·         Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром

·         Сместување во хотел 3*, на база 4 ноќевања со појадок

·         Организиран панорамски разглед на Рим со водич

·         Организација на аранжманот и придружник на патувањето

·         Eдно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23 сантиметри и максимум тежина од 10 килограми

Во цената на аранжманот не е вклучено:

·         Факулативен излет до Неапол и Соренто: превоз и водич (90 €)

·         Посета на Ватикан: резервација, превоз со метро, водич, слушалки и влезница (45 €)*резервација и уплата при продажба

·         Посета на паркот Тиволи: превоз, водич и влезница (55 €)

·         Патничко, здравствено осигурување (226 мкд)

·         Туристичка такса на градот Рим: хотел 4* (6€), хотел 3* (4€) по лице од ден, се наплатува на рецепција

·         Едно парче чекиран багаж од 1650мкд по правец

Напомени:

·         За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници

·         За овој аранжман важат Општите услови за патување

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.

Рим, Италија

ДОЧЕКАЈТЕ ЈА НОВАТА ГОДИНА ВО РИМ   Програм : Авион 4 нокевања/5 дена   "Вечниот град", "Градот на седум брда" или "Престолнината на светот" е всушност една од најатрактивните и најпосетени европски дестинации. Создавањето на Рим е обвиткано со магла од легенди, па без обзир на тоа колку ни делува нестварно, денеска најблиска ни е

Read more