General

ТЕРМИН: 09-12.03.2019 / 13-16.04.2019 / 25-28.05.2019                          АВИОН/ 4 дена/ 3 ноќевања

 

1 ДЕН :            СКОПЈЕ – СОФИЈА – БОЛОЊА МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13:30 часот. Превоз до Аеродромот во Софија. Полетување за Пиза во 20:50 и слетување во 21:50 часот. Трансфер до Монтекатини Терме (околу 90 минути) и сместување во хотелот. Ноќевање.

2 ДЕН:             МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ – ФИРЕНЦА

Појадок. Факултативно, разглед на главниот град на Тоскана: Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити… Слободно време за индивидуални активности. Можност да се почувствува атмосферата на елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Враќање во Монтекатини Терме во вечерните часови. Ноќевање.

3 ДЕН:              МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ – СИЕНА

Појадок. Препорачуваме, Факултативно ,целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација… Прошетка низ преубавите предели на Тоскана, налик на позадина на ренесансните слики. Можност за посета, факултативно, традиционален вински подрум и дегустација на познатите вина Кјанти. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН :            ПИЗА- БОЛОЊА- СОФИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно ,Околу пладне,  Посета на Пиза и прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија со Катедралата, Крстилницата и познатиот симбол – Кривата кула. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување за Софија во 22:25 часот. Пристигнување во 01:15 часот и трансфер до Скопје.

 

За уплата до 15Ноември                      275 евра   (17.000 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:          325 евра   (20.150 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз на релација Скопје- Аеродром Софија-Скопје

– Авионски превоз на релација Софија-Болоња-Софија

– 1 кабинска торба (1 торба/куфер до 10 кг со  димензии 55х40х20 см )

– Организиран трансфер од Аеродромот до Хотелот и обратно

– Сместување во Хотел 3* во Монтекатии Терме (на база 3 ноќевања со појадок

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 3.900 денари

– Багаж за чекирање 1 куфер се доплаќа според условите на ВИЗЕР

– Посета на Сиена (превоз и  водич , Посета и разглед на Фиренца и Пиза

– Туристичка такса 1 евро на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

– Патничко – здравствено осигурување 250 денари

 

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување .

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.