General

Авион / 5 дена / 4 ноќевања    29.12.2017 – 02.01.201

Главниот град на Шпанија, Мадрид, важи за еден до најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура, голем број на културни атракции и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без здив.

Мадрид е и најголемиот град на Иберискиот Полуостров а со своите окулу четири милиони жители, бурната историја и богатата традиција се вбројува во најубавите Европски метрополи.
На современиот турист Мадрид може да му понуди многу нешта, почнувајќи од велелепните и импресивни плоштади (Puerta del Sol, Plaza Mayor, Cibeles), широките булевари (Grand Via, Opera, Plaza Mayo), многубројни музеи (Prado, Reina Sofia, Thyssen-Bornemisza, Pomorski muzej) , прекрасните паркови меѓу кои би го истакнале Retiro со емалите вештачки езерца, па се до големиот број на ресторани, барови и дискотеки со богат ноќен живот

1 ДЕН/ 29 Декември/ Петок    СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МАДРИД
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 07.00 часот. Лет за Истанбул ТК1004 во 08. 55часот. Во 14. 10 часот лет за Мадрид и пристигнување во 16.40 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола се упатувме кон хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ДЕН/ 30 Декември/ Сабота    ТОЛЕДО
Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на Толедо, поранешниот главен град на Шпанија. Посета на Катедралата од 13 век изградена во готски стил со професионален локален водич. Слободно време за индивидуална прошетка и шопинг во уникатниот град Толедо кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО уште од 1986 год. Враќање за Мадрид во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
3 ДЕН/ 31 Декември/ Недела    МАДРИД
Појадок. Тричасовен панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Plaza de Toros, стадионот на Сантијаго Бернабе, Atocha – познато градско збиралиште , Gran Via, Castellana, Paseo del Prado – дел од градската авенија на која се сместени неколку познати музеи, Plaza de Oriente – каде што е лоцирана Кралската Палата и Операта и Plaza de España – -плоштадот Шпанија на кој е сместен споменикот на Цервантес и ликовите од неговиот роман, која е најчитана книга по библијата. Вечерта дочек на Новата Година на некој од плоштадите. Ноќевање.
4 ДЕН/ 01 Јануари/ Понеделник    МАДРИД – ЕЛ ЕСКОРИАЛ
Појадок. Полудневен излет на кралското место и манастирот Св. Лоренцо, осмото светско чудо во местото Ел Ескориал, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Враќање во Мадрид и слободно попладне. Ноќевање.
5 ДЕН/ 02 Јануари/ Вторник    МАДРИД – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
По појадокот трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 12.10 часот и пристигнување во 18.35 часот. Летот за Скопје е во 20:15 часот и пристигнување во 19.45 часот.
ХОТЕЛ  4* ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ   29.12.2017 – 02.01.2018
УСЛУГИ BB
НОЌЕВАЊА 4
 Цена за рана уплата по лице во двокреветна соба

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

475 € / 29.450 мкд

549 € / 34.040 мкд

Доплата за еднокреветна соба 160 € / 9920 мкд
Попуст за трето лице – 70 € / – 4340 мкд

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€

Oпштите услови за патување се составен дел од овај аранжман

Во цената на аранжманот е вклучено:

·         Повратен авио билет на релација Скопје-Мадрид-Скопје, со лет на Turkish Airlines

·         Трансфери според програмата

·         4 ноќевања со појадок во хотел

·         Организиран полудневен разглед на Мадрид со локален водич

·         Организација на аранжманот и пратител на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

·         Аеродромски такси (156 € / 9.672 мкд)

·         Факултативни излети (Толедо (целодневна екскурзија) – 60 еур, Ел Ескориал (полудневна екскурзија) – 55еур

·         Патничко здравствено осугурување

·         Туристичка такса се плаќа на рецепција во хотел

Напомени:

·         Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.

·         Во случај на помал број од 20 пријавени патници, аранжманот нема да биде откажан, но цената ќе претрпи промена

·         За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.

·         Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.

·         Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

·         Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

·         Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети

·         Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.

Мадрид

-Авион / 5 дена / 4 ноќевања    29.12.2017 - 02.01.201 Главниот град на Шпанија, Мадрид, важи за еден до најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура, голем број на културни атракции и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без здив. Мадрид е и најголемиот град на Иберискиот Полуостров а со своите окулу четири милиони жители, бурната

Read more