General

28.12.2018 – 02.01.2019

(6 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

 

1 ден (28.12.2018 – Петок) |  Македонија – Милано

Состанок на групата во договорено време, на паркингот пред ВИП Хотел во Скопје. Поаѓање кон Милано, се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (29.12.2018 – Сабота) | Милано

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор, одиме на организиран разглед на градот (факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 m долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (30.12.2018 – Недела) | Милано – Ница

Појадок во хотел. Одјавување од хотел и продолжување на патот кон Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно време. Заминување на прошетка низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, Палатата на правдата. Ноќевање. 

4 ден (31.12.2018 – Понеделник) | Ница – Кан – Сен Тропе – Ница

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Разглед на Сен Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марината со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познатите кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Разглед на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време. Враќање во Ница. Вечерта можност за организиран дочек на Новата Година во монденското Монте Карло (факултативно). Ноќевање.

5 ден (01.01.2019 – Вторник) | Ница – Ез – Монако – Монте Карло – Македонија

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме факултативна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини. Продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 

6 ден (02.01.2019 – Среда) | Македонија

Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 15.11.2018 – 225 € (13.950 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 245 € (15.190 МКД)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобуси;
  • Сместување во хотел во Милано (околина) во хотел со 3* на база – 1 НП (ноќевање / појадок);
  • Сместување во хотел во Ница (околина) во хотел со 3* на база – 2 НП (ноќевање / појадок);
  • Професионален туристички придружник за време на целото патување;
  • Разглед на Ница;
  • Организација и реализација на програмата; 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Милано со локален водич – 10 €;
  • Факултативна посета на Сент Тропез и Кан (превоз + локален водич) – 30 €;
  • Факултативна посета на Ез, Монако и Монте Карло (превоз + претставник од агенцијата) – 25 €;
  • Дочек на Нова Година во Монте Карло – 20 € (минимум 30 пријавени за реализација);
  • Туристичка такса во Милано и Ница – 6.5 € (се плаќа во агенцијата);
  • Влезници за културно – историски споменици и музеи;
  • Билети за јавен превоз;
  • Патничко осигурување;

Општи напомени:

  • Резервација по редовна цена се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Резервација по рана уплата се прави со100 % уплата на цената со попуст.
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување

 

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.

Франција

ФранцијаФранцуска Република или Франција (француски: République française или France) — демократска држава чиј главен дел од територијата (метрополитенскиот дел) се наоѓа во Западна Европа и која по површина е најголема во Европската Унија (551.500 км2), и втора по население (метрополитенскиот дел) со 62.448.977 жители (1 јануари 2009), во чиј состав влегуваат прекуморски домени и територии (DOM — TOM) лоцирани на други континенти, па вкупната површина изнесува 675.417

Инфо за Култура и Историја

Франција била победничка сила во Првата светска војна и во Втората светска војна. Човечките и материјалните загуби во првата војна, во која загинале 1,4 милиони Французи биле далеку поголеми од оние што таа ги претрпела во текот на втората, иако само мал дел од нејзината територија бил окупиран во текот на Првата светска војна. Според бројот на жртвите на страната на сојузниците, Франција го зазема второто место со 25 % односно 5,6 милиони, од којшто 1,357 милиони загинати војници, а 4,266 милиони ранети војници. Дотогаш една од водечките колонијални сили во светот морала да се брани. За разлика од Првата светска војна каде што Франција ја имала една од водечките улоги, во Втората светска војна таа брзо била освоена и поразена уште во јуни 1940 година. Германците ја поразиле со брзи тенковски продори. Периодот меѓу војните забележал низа социјални реформи воведени од страна на владата на Народниот фронт. После германската блицкриг (blitzkrieg) кампања за време на Втората светска војна континенталниот дел на Франција бил поделен на окупирана северна зона и на југ, Франција на Виши, или режим кој бил марионета и лојален на окупаторите. За време на Втората светска војна во Франција делувало движењето на Отпорот. Во ноември 1942 година, Германците ја окупирале и Југоисточна Франција. Франција била ослободена од страна на англо-американско-канадската војска кој се истоварила во јуни 1944 година на Нормандија (Види — Битка на Нормандија). Антифашистичката влада во Франција била формирана од генералот Шарл де Гол. Загубата на војници во оваа светска војна не бил многу голем, но најмногу страдала еврејската заедница.
Шарл де Гол
Четвртата Република била воспоставена после Втората светска војна. Франција се обидела да ги задржи своите колонии и да ја сочува својата колонијална империја, но наскоро влетала во големи неволји поради битките за независност на колониите. Обидот во 1946 година да се врати контролата врз Француска Индокина довел до Првата војна за Индокина, која завршила со пораз на Французите во Битката на Диен Биен Пу во 1954. Само неколку месеци подоцна, Франција се соочила со нов, дури и потежок конфликт во Алжир. Дебатата околу тоа дали треба или не треба да се задржи контрола во Алжир и иселувањето на околу еден милион европски доселеници, ја потресла земјата и за малку ќе довела до граѓанска војна. Во 1958 година, слабата и нестабилна Четврта Република била заменета со Петтата Република, која се карактеризирала со зајакнување на функцијата на претседателот. Улогата на Шарл де Гол била да ја задржи земјата во целост додека излегувала од периодот на конфликти и кризи. Алжирската војна и Франко-француската граѓанска војна што се водела во главниот град Алжир, завршила со мировни преговори во 1962 година по што Алжир ја стекнал својата независност. Во последните децении, помирувањето и соработката на Франција со Германија се од централно значење за политичката и економската интеграција на растечката Европска Унија, вклучувајќи го и воведувањето на еврото во јануари 1999 година. Францускиот електорат гласаше против ратификацијата на Договорот за воспоставување на Устав за Европа во мај 2005 година, но потоа беше ратификуванЛисабонскиот договор од страна на парламентот во февруари 2008 година.

Read more