General

28.12.2018 – 02.01.2019

(6 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА)

 ПРОГРАМА

1 ден (28.12.2018 – Петок) | Скопје – Србија – Хрватска – Словенија

Состанок со групата во Скопје околу 12:00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден (29.12.2018 – Сабота) | Милано

Пристигање во Милано во пладневните часови и сместување во хотел. Можност за индивидуални прошетки низ новогодишно украсените улици во Милано, кафе или пак шопинг по познатите локални бутици, шопинг центри и атрактивните тезги поставени во центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (30.12.2018 – Недела) | Милано – Комо – Лугано – Милано

Појадок во хотел. После појадокот факултативната посета на монденското гратче Комо, кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, а каде се наоѓаат вилите на Џорџ Клуни, Ерос Рамазоти. Со локален водич го разгледуваме стариот дел на Комо и плоштадот Волта, катедралата во Комо – Дуомо. Слободно време за индивидуални прошетки и можност за факултативо крстарење по езерото. Потоа се упатуваме кон Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Ќе имате можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија – Parco Civico и монденската шопинг улица – Наса. Во касните попладневните часови враќање во Милано. Ноќевање.

4 ден (31.12.2018 – Понеделник) | Милано – ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2019***

Појадок. По појадокот, факултативен разглед на градот со локален водич: Миланската катедрала и плоштадот Дуомо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II и замокот Сфорческо. Слободно попладне за шопинг или прошетка низ улиците Виторио Емануеле, Монтенаполеоне, Торино, Спига. Вечерта организирано одење на плоштадот Дуомо и дочек на Новата година. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден (01.01.2019 – Вторник) | Прага – Виена – Унгарија

Појадок во хотел. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигнување во Верона во пладневните часови. Разглед на Верона со посета на куќата и гробот на Јулија, Арената, плоштадите Бра, Данте и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Продолжување кон Македонија со попатни паузи и царински формалности.

6 ден (02.01.2019 – Среда ) | Србија – Скопје

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 15.11.2018 – 175 ЕВРА (10.850 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 185 ЕВРА (11.470 МКД) 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Милано (околина) – 3 ноќевања со појадок;
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето;
  • Разглед на Верона;
  • Организација и реализација на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Милано со локален водич – 10 €;
  • Целодневна посета на Комо и Лугано – 35 €;
  • Крстарење по езерото Комо – 10 € (половина час);
  • Туристичка такса во Милано 5 € по лице од ноќ (се плаќа во агенција);
  • Патничко осигурување;
  • Влезници во објекти;

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Oрфеј
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите до 01.12.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.