General

ТЕРМИНИ: /29.12.201802.01.2019/

Авион/ 7 дена/ 6 ноќевања

Цена за рана уплата до 10.11.2018 449 евра (27.840 денари)

1 ДЕН : СКОПЈЕ- МОСКВА 29.12.2018

Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Лет за Москва . Пристигнување во Москва. Трансфер до хотелот со запознавање со моќната руска престолнина Москва. Сместување во хотелот. Ноќевање.

2 ДЕН: МОСКВА – КРЕМЉ 30/12/2018

Појадок. Факултативно, панорамски разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Мосфилм (рускиот Холивуд), со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Попладне, Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда” и обиколка на царската ризница богата со круни, злато, дијаманти… Слободно време за индивидуални прошетки, можност за посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад. Ноќевање.

3 ДЕН: МОСКВА 31/12/2018 Факултативен излет Сергиев посад

Појадок. Слободно претпладне за прошетка по Црвениот плоштад. Слободно поладне . Вечерта пречек на новата година на отворено на Црвениот плоштад.Ноќевање

4 ДЕН: МОСКВА 01/01/2019

Појадок. Слободно претпладне за прошетка по Црвениот плоштад. Слободно поладне . Ноќевање

5 ДЕН МОСКВА- СКОПЈЕ 02/01/2019

Појадок.Организиран трансфер до Аеродромот во Москва Полетување за Скопје со едно преседнување. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена за рана уплата до 10 Ноември 449 евра (27.840 денари)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 599 евра (37.138 денари)

Цената на аранжманот вклучува:

– Лет од Ско0пје за Москва со едно преместување

– Трансфер во Москва од аеродромот до хотелот и обратно

– Сместување во Хотел во Москва со 3*** + ИСМАИЛОВО /на база 4 ноќевања со појадок

– Туристичка виза на Руската Федерација ( Воучер за туристичка посета на Русија)

Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

– Аеродромски такси 104,00 еур кои се променливи

– Факултативни излети (вклучени влезници, превоз и локален водич)\

МОСКВА

*Факултативен разглед на градот Москва со превоз и водич…30,00 ЕУР

* Сергиев посад 50 ЕУР со превоз, водич и влезница

* Кремљ 60 евра, /влезница / водич и превоз со метро/

* Крстарење или прошетка со бродче

Патничко-здравствено осигурување 350 денари

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување .

Цените се дадени во евра, уплатата се врши во денарска противредност 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Д.Т.У. ГЛОБАЛ ТРАВЕЛ СЕРВИС ОРФЕЈ ТУР ОПЕРАТОР ДООЕЛ

Ул. Даме Груев бр. 24 , Скопје Тел. 02 3118 602 075 409409

E-mail: info@orfej.com.mk orfej@orfej.com.mk

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.

Русија

РусијаРусија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија,Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северен Леден, и Тихи Океан. Русија истотака има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро. На територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Касписко Море до поларните ледови на Нова Земја и Новосибирските Острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите. Релефот на Русија

Спорт и природа

Русите се едни од најуспешните спортисти во светот, кои секогаш се наоѓале на самиот врв од вечната листа на ВТА организирана од Олимписките игри. Доколку се признаат медалите кои СССР ги освоил, и се префрлат на нејзината наследничка Русија, таа на вечната ранг листа е на второ место по бројот на златни медали на Летните олимписки игри и прва на Зимските олимписки игри. За време на советската ера, националниот олимписки тим настапил 18 пати и бил најуспешен тим во историјата на спортот. Од Летните олимписки игри во 1952 година, земјата постојано била рангирана на првите три места според бројот на освоени медали. Гимнастика, атлетика, кревање тегови, борење, бокс, мечување, стрелање, шах, уметничко лизгање се спортовите во кои СССР и Русија имаат освоено најмногу медали. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, руските спортисти продолжиле со својата доминација во овие спортови. Земјата била организатор на Летните олимписки игри во 1980, кои се одржале во престолнината Москва, а освен тоа во 2014 година ќе бидат организатори на Зимските олимписки игри во 2014 година, кои ќе се одржат во Сочи. Советскиот Сојуз најмногу како спорт доминирал со гимнастиката. Како најпознати спортисти од тоа време се издвојуваат Лариса Латинина која моментално сѐ уште го држи рекордот според бројот на освоени олимписки медали. Доминацијата во гимнастиката продолжила и по распадот на Советскиот Сојуз. Најголеми спортистки од оваа категорија денеска се издвојуваат Алина Кабајева, Ирина Чашчина и Евгенија Канаева. Русија е најдобра и во синронизирано пивање, каде скоро сите медали повеќе од една деценија и припаѓаат токму нејзе. Уметничкото лизгање исто така е многу популарен спорт во Русија. Во 1960-тите, Советскиот Сојуз бил доминантен во таа категорија. Руските спортисти заклучно со 2009 година имаат освоено вкупно 399 медали на олимпијадите, од кој 323 на летните и 76 на зимските олимписки игри. Како Советскиот Сојуз, така и денешна Русија е позната по кошарката, освојувајќи различни олимписки турнири, европски и светски првенства. Неколку руски кошаркари настапуваат во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА. Како најпознат руски кошаркар во денешницата е Андреј Кириленко кој настапува за Јута Џез. Во 2007 година, Русија победила на Европското првенство во кошарка. Најпознат кошаркарски клуб е КК ЦСКА Москва која во 2006 и 2008 година го освоила купот на Евролига и УЛЕБ купот. Иако спортот хокеј на мраз во земјата бил воведен во советската ера, сепак репрезентацијата многу бргу станала една од најсилните во светот, освојувајќи злото на речиси сите олимпијади и светски првенства. Најпознати руски играчи се Валери Кармалов, Сергеј Макаров, Вјечеслав Фетисов, и Владислав Третиак, и истите се избрани во Тимот на векот според IIHF Како и кај другите спортови, така и хокејот на мраз по распаѓањето на Советскиот сојуз дошол до голем пад. Златен медал руските спортисти немале освоено дури 15 години. Во тоа време, голем дел од руските играчи својата кариера ја направиле во НХЛ лигата. Во последните неколку години Русија повторно се наоѓа на врвот како една од најголемите сили во тој спорт, главно поради освојувањето на златни медали во 2008 и 2009 година. Во 2008 година била основана КХЛ лига, како најсериозен конкурент на НХЛ лигата. За време на советската ера, Русија исто така била конкурентна и во фудбалот како спорт. И покрај тоа што располагала со фантастични играчи, СССРникогаш всушност не успеала да завладее како најголема светска сила во тој спорт на меѓународната сцена. На ЕВРО 1960, СССР го освоила златниот медал, а во 1988 била финалист. Заедно со хокеј на мраз и кошарката, фудбалот е еден од најпопуларните спортови во земјата. Во последните години, рускиот фудбал се движи во нагорна линија. Најпознати клубови од Русија се ЦСКА Москва, ФК Зенит, ФК Локомотив и.т.н. Можеби најпознатиот руски фудбалер во моментот е Андреј Аршавин кој настапува за англискиот премиерлигаш Арсенал.

Инфо за Култура и Историја

Русите имааат големи карактеристични традиции во народната музика. Типични етнички руски инструменти се гусла, жалејка и балалајка. Народната музика имала огромно влијание врз класичните руски композитори, и во денешно време таа е еден од изворите на инспирација за голем број на популарни народни групи, од кои најпознати се „Мелница“. Најпознати народни танци се: казачок, хоровод, камаринска и др.

Read more