General

Д.Т.У. ГЛОБАЛ ТРАВЕЛ СЕРВИС ОРФЕЈ ТУР ОПЕРАТОР  ДООЕЛ

Ул. Даме Груев  бр. 24 , Скопје            Тел. 02 3118 602  075 409409

E-mail:  info@orfej.com.mk                       orfej@orfej.com.mk

 

Авион/ 7 дена/ 6 ноќевања             

Цена за рана уплата до 11 Ноември  499 евра  (30.938 денари)

 

1 ДЕН :          СКОПЈЕ- СОЛУН -МОСКВА          

Состанок на групата пред Холидеј Ин во Скопје во 11,30 часот. Заминување За Солун,  Лет од Солун за Москва  во 19,30 часот. Пристигнување во Москва 21.45 часот. Трансфер до хотелот  со запознавање со моќната руска престолнина Москва. Сместување во хотелот. Ноќевање.

2 ДЕН:            МОСКВА – КРЕМЉ             

Појадок.Факултативно,панорамски разглед на Москва:Црвениотплоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Ново девичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Мосфилм (рускиотХоливуд), со интересна приказнана локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Попладне,Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад.Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топод 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда” и обиколка на царската ризница богата со круни, злато, дијаманти… Слободно време за индивидуални прошетки, можност за посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад .Ноќевање.

3 ДЕН:                        МОСКВА

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура .Вечерната прошетка во Москва продолжува со обиколка на некоја од најубавите метростаници со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури .Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод-ресторан Radisson.Ноќевање

4 ДЕН: МОСКВА- СТ. ПЕТЕРСБУРГ

Појадок. Во 12.00 часот Трансфер до аеродромот Домодедово. Лет од Москва до Санкт Петерсбург во 16,00 часот  Пристигнување во Ст.Петерсбург во 17,05 часот.. Трансфер од железничката станица до хотелот во Ст. Петерсбургсо запознавање со историјата и главните културно историски споменици на Санкт Петерсбург.Сместување во хотел. Нокевање.

5 ДЕН:САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ (Факултативно Разглед и Ермитаж)

Појадок. Факултативно панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни… Ке ја видиме Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Факултативно посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата (превоз со метро). Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо… Препорачуваме посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање.

 

6ДЕН:САНКТ ПЕТЕРБУРГ-  ПЕТЕРГОФ и ЦАРСКО СЕЛО(ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА)

Појадок. Факултативна целодневна екскурзија до фантастичниот Петергоф (три часа), со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Факултативно посета на  летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин  (три часа). Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Ноќевање.

7 ДЕН             САНКТ ПЕТЕРСБУРГ- СОЛУН      

Појадок.Организиран трансфер до Аеродромот во Санкт. Полетување за Солун директен лет во 14,45 часот, пристигнување во Солун во 18,40 часот. Трансфер до СКопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена за рана уплата до 11 Ноември               499 евра      (30.938 денари)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:599 евра    (43.338 денари)

 

Цената на аранжманот вклучува:

– трансфер од Скопје до аердромот во Солун и назат со мини бус

– Директен Авионски превоз на релацијата  Солун– Москва- Санкт Петербург/ -Солун

– Трансфер во Москва од аеродромот до хотелот

– Авионски превоз од Москва до Санкт Петерсбург со Аерофлот

– Трансфер во Санкт Петербург од аеродромот до од хотелот и од хотел до аеродромот

– Сместување во Хотел во Москва со 4**** на база 3 ноќевања со појадок

– Сместување во Хотел во Санкт Петербург со 3 звезди на база 3 ноќевања со појадок

– Туристичка виза на Руската Федерација ( Воучер за туристичка посета на Русија)

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

– Аеродромски такси 158,00 еур кои се променливи

– Факултативни излети (вклучени влезници, превоз и локален водич)

МОСКВА

* Разглед на Москва …………………. 30 ЕУР /водич и превоз/

* Кремљ 65 евра,  /влезница / водич и превоз со метро/

СТ. ПЕТРСБУРГ

*Разглед на Ст. Петерсбург………… 30 ЕУР

* Петропавловската тврдина………. Влезница/Водич….30 ЕУР

* Ермитаж 40евра,  /влезница и водич /

* Петродворец Петергоф 55 евра,

* Царско Село Пушкин 55 евра,

– Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро)

– Патничко-здравствено осигурување 350 денари

НАПОМЕНИ:

-За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници

-За овој аранжман важат општите услови за патување .

 

Ценитеседаденивоевра, уплататасевршиводенарскапротивредност 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

 

Д.Т.У. ГЛОБАЛ ТРАВЕЛ СЕРВИС ОРФЕЈ ТУР ОПЕРАТОР  ДООЕЛ

Ул. Даме Груев  бр. 24 , Скопје            Тел. 02 3118 602  075 409409

E-mail:  info@orfej.com.mk                       orfej@orfej.com.mk

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.