General

Авион / 3 дена / 2 ноќевања

 

 

 

Градот од двете страни на величествениот Дунав, град со богато архитектонско и историско наследство, нуди неспоредлива комбинација на култура, одлична кујна и термални бањи …Од едната страна Будим, со термалните бањи од отоманската ера, во подножјето на спектакуларниот рид Гелерт, кралската палата и црквата Матијас, зрачи со мир. Од другата страна Пешта, живописна и жива, богата со музеи, културни и историски богатства, извонредна архитектура, како што е зграда на парламентот, една од највеличествените во светот, базиликата Свети Стефан, опкружена со пешачки улици и целосно реновираниот Еврејски Кварт.

 

 

02 март СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок на група на аеродромот Александар Велики во 06.15 часот. Полетување за Будимпешта со лет на Визер во 08.05 часот. Слетување во Будимпешта во 09.25 часот. Трансфер до хотел со попатна посета на Сент Андреа (околу 2 часа со доплата 15 евра). Сент Андреа – малото живописно гратче во непосредна билизина на Будимпешта, ќе ве освои со старата архитектура, шетајќи по калдрместите улички на сите страни винотеки, ресторани и слаткарници каде задолжително е да се пробаат слатки со марципан. Пристигнување во Будимпешта и панорамско разгледување на градот: од споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, преку мостовите на Дунав, кои ги спојуваат Будим и Пешта, на Цитаделата – Кралската палата, Црквата Св. Матејас, и на крај Рибарската тврдина…. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

 

03 март БУДИМПЕШТА

Појадок. Факултатативна посета на Зоолошката градина во Будимпешта – отворена пред повеќе од 150 години, поседува една од најбогатите збрики во Европа со над 1000 видиви животни, ретки видови, како и широк спектар на флора… во туристичкиот водич на Будимпешта препорачана за посета. Слободно попладне. Вечерта, факултативно – крстарење со брод под прекрасните мостови Дунав, за да ја запознаете Будимпешта и навечер. Факултативно – вечера во традиционален унгарски ресторан – чарда со богата музичка и фолклорна програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

 

 

04 март БУДИМПЕШТА

Појадок. Факултативна посета на Палатата Годоло – најголемата барокна палата, Унгарскиот Версај и омилената палата на Сиси. Или факултативна посета на Аквариум и Тропикариум во Будимпешта – отворен во 1999 година, на површина од 3000 метри квадтатни, организирано во 8 простории каде се сместени стотици видови на водни животни, егзотични птици… замислете си тунел долг 12 метри каде што ајкулите пливаат околу Вас. Слободно попладне за ручек, време да се вкусат славните креации на Унгарската кујна. Можност за посета на Островот Маргарет – “зеленото срце” на градот, многумина го сметаат за еден од најдобрите градски паркови во Европа, совршено место за прошетки, одмор, уживање… Слободно попладне. Ноќевање.

 

 

05 март БУДИМПЕШТА  СКОПЈЕ

Појадок – ланч пакет. Трансфер до аеродром, полетување за Скопје со Визер во 06.10 часот. Слетување во Скопје во 07.35 часот.

 

 

Цена за уплати до 20.12:

 

199 евра (12.300 мкд)

 

 

Цена на аранжманот:

 

249 евра (15.440 ммкд)

 

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авиобилет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со Визер

– Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

– Сместување во хотек 3* на база 3 ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Будимпешта

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 Аеродромски такси 2.990 мкд

– Влезници во музеите и културно – историските споменици

– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.200 мкд / 20Kg 2.200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)

– Посета на Сент Андреа 15 евра

– Крстарење со брод по Дунав со 15 евра

– Вечера во чарда 35 евра

– Влезница за Аквариом и Тропикариум со водич 20 евра

– Влезница за Зоолошка градина 15 евра

– Задолжително патничко-здравствено осигурување

– Доплата за еднокреветна соба 4.900 мкд

 

 

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

– За факултативните излети се изјаснувате во агенцијата при уплата на аранжманот, како би можеле истите навремено да се резервираат и организираат.

– Факултативните излети се уплатуваат во агенција или првиот ден од патувањето, доколку се изјасните за посета, истата не може да се откаже на лице место.

– За овој програм важат Опшите Услови на патување.

– Цената на аражманот се во агенција, исклучиво во денари, по курс 1€ = 62,00мкд.

– При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

 

Општи напомени:

– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја промени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, музеи, нституции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата, во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.

 Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.