General

29.12.2018 – 02.01.2019

(5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА

1 ден (29.12.2018 – Сабота) | Скопје – Србија – Хрватска         

Состанок на групата во Скопје. Поаѓање за Венеција. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден (30.12.2018 – Недела) | Словенија – Палманова – Лидо ди Јесоло

Пристигнување во Палманова во претпладневните часови и слободно време од 4 саати за шопинг во еден од најголемите outlet – и во Италија – Палманова‎. По шопингот се упатуваме кон хотелот во Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и прошетки низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

3 ден (31.12.2018 – Понеделник) | Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2019***

Појадок. По појадокот трансфер до пристаништето Пунта Сабиони и превоз со брод до Венеција (факултативна посета). Пешачки разглед со локален водич на градот: прво го гледаме Мостот на воздишките и се упатуваме кон Дуждевата палата, Кулата, Прокуратите и централниот плоштад Св. Марко, а овде ќе ја видите и прекрасната црква Св.Марко. По ова се упатуваме по тесните венецијански улици, полни со бутици за облека и сувенири кон мостот Риалто. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање назад со брод кон Пунта Сабиони, каде не чека автобусот за трансфер до хотел. Вечерта дочек на Новата година на плоштад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

4 ден (01.01.2019 – Вторник) | Лидо ди Јесоло – Верона – Словенија – Хрватска

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона – градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градот со автобус, потоа се упатуваме во пешачки разглед на градот и првин го гледаме Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век и собирал 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, потоа се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде ги имате најголемите брендови од модната индустрија и се упатуваме кон плоштадите Ербе и Данте. Следна дестинација ни е куќата на Јулија, каде ги гледате споменикот на Јулија и терасата. Слободно време за индивидуални разгледи на Верона. Патување назад кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

5 ден (02.01.2019 – Среда) | Србија – Скопје

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 15.11.2018 – 135 € (8.370 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 145 € (8.990 МКД) 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло на база – 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички водич од агенцијата;
  • Организација и реализација на аранжманот на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

  • Разглед на Верона – 10 € – задолжителна факултатива;
  • Разглед на Венеција со локален водич – 20 €;
  • Свечена вечера во ресторан во Лидо ди Јесоло – 25 €;
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици; 

Општи напомени:

  • Резервација по редовна цена се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Резервација по рана уплата се прави со100 % уплата на цената со попуст.
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите до 01.12.2018 и минимум пријавени патници за реализација: 25

За оваа програма важат општите услови за патување

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.

Италија

Италија29.12.2018 - 02.01.2019 (5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА) ПРОГРАМА 1 ден (29.12.2018 - Сабота) | Скопје - Србија - Хрватска          Состанок на групата во Скопје. Поаѓање за Венеција. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори. 2 ден (30.12.2018 - Недела) | Словенија - Палманова - Лидо ди Јесоло Пристигнување во

Read more