General

29.12.2018 – 02.01.2019

(5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА 

1 ден (29.12.2018 – Сабота) | Скопје – Италиjа

Состанок на групата во Скопје и поаѓање за Венеција. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори и царински формалности.

2 ден (30.12.2018 – Недела) | Словенија – Палманова – Виченца

Пристигнување во Палманова во претпладневните часови и слободно време од 4 часа за шопинг во еден од најголемите outlet – и во Италија – Палманова. По шопингот се упатуваме кон Виченца. Сместување во хотел. Прошетка низ градот кој се наоѓа во Северна Италија и e 4 – ти град по големина во Покраината Венето. Градот на Андреа Паладио, италијански ренесансен архитект од Падова кој својот труд го претставува во Венеција и во околните градови. Во Виченца на плоштадот Пјаца дел Сињори се наоѓа базиликата Паладиана, голема средновековна градска сала. Театро Олимпико е веројатно најстариот покриен театар во т.н. модерна епоха и еден од трите ренесансни театри. Палатата Кјерикати, Вила Валмарана, Плоштадот Кастело. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање во договорено време со групата назад до хотел. Ноќевање.

3 ден (31.12.2018 – Понеделник) | Виченца – Венеција – Виченца ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2019***

Појадок во хотел. По појадокот трансфер до северниот дел на Венеција (факултативно) преку лагуната. Пешачки разглед со локален водич на градот: Програмата ја започнуваме од северниот дел на Венеција од Пјијацале Рома. Со поминување на првиoт мост острови и дан (Ponte degli Scalci – камен мост) на Гранд Канале, влегуваме во еден посебен свет, во град составен од 1000 мостови каде сообраќајот се одвива по малите канали и по најголемот канал Гранде. Се упатуваме на пешачка тура по тесните венецијански улици, полни со бутици за облека и сувенири, кон мостот Понте Риалто, Прокуратите и централниот плоштад Св. Марко, а овде ќе ја видите и прекрасната црква Св.Марко и Кулата. Се упатуваме кон Дуждевата палата, а завршуваме до Мостот на воздишките. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање во договорено време со групата. Патување назад кон Виченца. Вечерта дочек на Новата година на плоштад во Виченца. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден (01.01.2019 – Вторник) | Виченца – Венеција – Словенија

Појадок во хотел. По појадокот напуштање на хотелот. Заминување во посета на Верона. Разглед на Верона – градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градот со автобус, потоа се упатуваме во пешачки разглед на градот. Разгледот започува со Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век и собирал 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, потоа се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде ги имате најголемите брендови од модната индустрија и се упатуваме кон плоштадите Ербе и Данте. Следна дестинација ни е куќата на Јулија, каде ги гледате споменикот на Јулија и терасата. Слободно време за индивидуални разгледи на Верона. Патување назад кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

5 ден (02.01.2019 – Среда) | Србија – Скопје

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 01.11.2018 – 139 € ( 8.618 МКД)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 149 € ( 9.238 МКД)

Во цената на аранжманот е вклучено:     

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Виченца на база 2 ноќевања со појадок;
  • Придружник од агенцијата за време на целото патување;
  • Организација и реализација на аранжманот на патувањето;

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

  • Доплата за еднокреветна соба – 70 €;
  • Пешачки разглед на Венеција, локален туристички водич и превоз – 20 €;
  • Пешачки разглед на Верона – 10 € – задолжителна факултатива;
  • Влезници за музеите и културно – историските споменици;

Општи напомени: 

  • Резервација по редовна цена се прави со уплата на 50% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Резервација по рана уплата се прави со100 % уплата на цената со попуст.
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

Задолжително пријавување за факултативите до 01.12.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30 

За оваа програма важат општите услови за патување кои се составен дел на секој договор за патување.

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.

Италија

Италија29.12.2018 - 02.01.2019 (5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА) ПРОГРАМА  1 ден (29.12.2018 - Сабота) | Скопје - Италиjа Состанок на групата во Скопје и поаѓање за Венеција. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори и царински формалности. 2 ден (30.12.2018 - Недела) |

Read more