General

29.12.2018 – 02.01.2019

(5 ДЕНА /2 НОЌЕВАЊА)

ПРОГРАМА

1 ден (29.12.2018 – Сабота) | Македонија – Виена

Состанок со групата од Струмица во 12:30, попатно земање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Тргнување од Скопје во 15:30 часот и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден (30.12.2018 – Недела) | Виена – Панорамски разглед – Белведере

Пристигнување во Виена околу 10:00 часот. Панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот РингштрасеОператаПарламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Поаѓање кон еден од најголемите трговски центри во Европа – “Сити суд”, каде ќе имате можност за шопинг и слободно време за ручек или кафе. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (31.12.2018 – Понеделник) | Шенбрун – Шопинг центар – ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2019***

Појадок. Трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ *(факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден во 1700 година. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. По посетата на палатата се разгледува дворот на палатата и летната резиденција. Факултативна посета на дворецот – “Белведере”. Комплексот Белведере е претворен во музеј во кој работи Австриската галерија Белведере. Во галеријата се наоѓаат уметнички дела на многу познати уметници, но најпосетена е познатата слика “Бакнеж” (Der Kuss) од Густав Климт. Враќање во хотел. Дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање.

4 ден (01.01.2019 – Вторник) | Виенски Шуми – Дунавска Кула

Појадок. По појадокот, напуштање на хотелот. Трансфер до центарот на градот и следење на новогодишниот концерт на плоштадот на Ратхаус. Околу 13:00 часот заминување на *факултативeн излет во Виенските шуми во траење од четири саати, со кој се посетува Сегроте, некогашниот рудник, а каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа, па потоа манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Поаѓање кон Скопје во 18:00 часот со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (02.01.2019 – Среда) | Македонија

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 15.11.2018 –  145 € (8.990 МКД)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 155 € (8.610 МКД)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* во Виена на база – 2 ноќевања со појадок;
  • Професионален туристички водич од агенцијата за време на целото патување;
  • Организација и реализација на програмата;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален туристички водич – 10 €;
  • Влезница, локален водич и превоз за дворецот Шенбрун – 28 €;
  • Влезница, локален водич и превоз за дворецот Белведере – 28 €;
  • Посета на Хајлигенкројц, Сегроте и Баден (Виенски шуми) (влезница, локален водич и превоз) – 25 €;
  • Патничко осигурување;

Општи напомени:

  • Организатор на аранжманот е Орфеј
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2019 година;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

Задолжително пријавување за факултативите до 01.12.2018 и минимум пријавени патници за реализација: 30

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ – ВИЕНА

  • Дворецот Шенбрун
    Дворецот Шенбрун е еден од најважните културни споменици во Австрија и е една од најголемите туристички атракции во Виена. Палатата и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на Хабсбуршката династија. Со Империјал турата се посетува внатрешноста на палатата. Турата трае 35 минути и се посетуваат 22 соби. Се посетуваат собите на императорот Франц Јозеф и неговата сопруга Елизабет и останатите прекрасни соби украсени во рококо стил. Со оваа тура може да се доживее луксузниот сјај на Големата галерија, ориенталниот шарм на кинеските кабинети, како и зачудувачки скромниот стил на декорација во приватниот апартман на императорот Франц Јосиф. Денес Шенбрун е посетуван од повеќе од 5 милиони туристи годишно;
  • Дворецот Белведере
    Белведере е името на комлексот барокни палати во Виена, подигнати од австрискиот принц Еуген Савојски во третата област на Виена која се вика Ландштрасе. Комплексот се наоѓа југоисточно од стариот градски центар, а во соседство му е палатата Шварценберг. Палатите Горен Белведере и Долен Белведере, со придружниот парк, го формираат едното од најубавите места на светот. На оваа факултатива се посетува само Горниот Белведере. Планот за изгрдба на Горниот Белведере во сегашна форма е земена од првичната идеја од изградбата на Gloriette (видиковецот од дворецот Шенбрун) – ‘‘прекрасен поглед на градот‘‘. Денес комплексот Белведере е претворен во музеј во кој работи Австриската галерија Белведере. Во галеријата се наоѓаат уметнички дела на многу познати уметници, но најпосетена е познатата слика Бакнеж – Der Kuss од Густав Климт.
  • Баден – Виенските Шуми
    Факултативата трае околу 4 часа. Најнапред се посетува Seegrotte – разглед на некогашниот рудник и поранешната фабрика за авиони на Хитлер кои се наоѓаат на првото ниво. На второто ниво се наоѓа подземно езеро. Во факултативата е вклучена и прошетка низ езерото со чамец. ‘‘Големото езеро‘‘ се наоѓа на 60 m подземна надморска височина и е познато како најголемото подземно езеро во Европа. Површината на водата е околу 6.200 m² и просечната длабочина од 1.20 m. Најдлабоката точка на езерото е 12 m. Езерото се полни од 7 извори, но не може природно да се исцеди, па затоа е потребно секоја вечер да се испумпува за да се одржи нивото на водата. По разгледот на Seegrotte се заминува за Heiligenkreuz. Heiligenkreuz е прекрасен Цистериански манастир во близина на Виена. Heiligenkreuz е втор најстар Цистериански манастир во светот и исто така се води како најстар населен манастир. Манастирот во Септември 2007 е благословен со официјална посета на Папата Бенедикт XVI. За време на посетата на манастирот има можност за кафе пауза во локалниот црковен ресторан, каде што исто така може да се проба манастирска супа и домашно манастирско вино. Од таму се заминува на посета на живописното градче Баден кое се наоѓа на подножјето на Виенските шуми. Попатно има прекрасен поглед на Виенските виногради. Баден е познат по тоа што во минатото бил многу познат бањски центар каде што Австриската аристократија го поминувала своето слободно време. Денес сите хотели што се во Баден располагаат со СПА центри во кои има термална вода. Во Баден исто така се наоѓа и Grand Casino – Baden. Културата отсекогаш се негувала во Баден. Познатите композитори Моцарт и Бетовен доаѓале во овој град за да добијат инспирација и да ги напишат своите најголеми дела. Јохан Штраус постојано имал концерти во Баденскиот СПА парк. По разгледот на градот се дава слободно време за да можат патниците да уживаат во овој навистина прекрасен град.
  • Виена разглед со локален водич
    Панорамскиот разглед на градот каде што се гледаат најголемите знаменитости на Виена: Белведере, Пратерот со неговото панорамски тркало, новиот дел на Виена каде што се наоѓа канцеларијата на Обединетите Нации, Дунавската Кула, Ринг булеварот со Операта, споменикот на Гете, споменикот на Моцарт, споменикот на Штраус, Парламентот, Rathaus собранието. Се симнуваме на плоштадот на Марија Терезија од каде што го започнуваме пешачкиот разглед на градот.

We are sorry, there are no reviews yet for this accommodation.