General

ПРОГРАМА

01. ден СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА – КОСТА БРАВА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје и предавање на багажот 120 минути пред времето на полетување.
Лет за Барселона (според табелата). Пристигнување на аеродромот во Бареслона. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до хотелот во крајните дестинации (Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa
Susanna …). Доколку има можност за утринско превземање на собите, сместувањето ќе биде по пристигнување во хотелот, доколку нема, багажот се остава на рецепција, а се користат услугите наведени во ваучерот. Собите се превземаат по 14:00 часот.

Од 01. до 07/10. ден КОСТА БРАВА

Денови за одмор со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во Lloret de Mar, Blanes, Malgrat de Mar, Santa Susanna … и др. Комуникација со локалните представници на агенцијата за евентуални факултативни анимации, излети и посети.

08./11. ден КОСТА БРАВА – БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ

Напуштање на собите до 12:00 часот. Багажот се остава на рецепција и се користат услугите наведени во ваучерот.
(За дневно користење на собите до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на
рецепција.) Слободно време за индивидуални прошетки до заминување на аеродромот во Барселона во
вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Лет за Скопје, според
табелата. Пристигнување во Скопје.

ЦЕНОВНИК:

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

* 7/10 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 56х45х25)
по лице
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

* Аеродромски и административни такси во износ од 60еур
* Чекиран багаж се доплаќа според условите на авио компанијата ВИЗЕР
* Патничко здравствено осигурување
* Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел

За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори минимум 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на
полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа
одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

Available departures

Unfortunately, no places are available on this tour at the moment

Шпанија

ШпанијаLorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed lectus turpis, egestas eget lorem at, facilisis sollicitudin magna. Phasellus sem mauris, eleifend a mauris et, consectetur molestie odio. Class aptent taciti sociosqu ad litora torquent per conubia nostra, per inceptos himenaeos. Donec iaculis, sem non facilisis venenatis, tellus arcu laoreet ex, eu facilisis risus arcu Read more

We are sorry, there are no reviews yet for this tour.