General

Термини 09-13.09  /  11 – 15.10.2018

 

Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно, ќе изгледа исто како и Кападокија. Овој прекрасен регион во Централна Турција е познат по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле нивните домови и цркви.

 

Активности

1 ден - Скопје-Истанбул-Кајсери

Состанок на групата на аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Полетување со Pegasus во 10:55 часот на лет PC 352. Слетување во Истанбул 13:25, полетување за Кајсери 17:45. Слетување во Кајсери во 19:10 часот, организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

2 ден

Појадок во хотел. Заминување на групата за Goreme. Посета на Open Air Museum каде што можат да се видат остатоци од Византиската култура во камените цркви од 10, 11 и 12 век. Веднаш потоа следува панорамски разглед на Ugrup со пауза за дегустација на Вино. Организирана посета на Uchisar, пештерскиот град за кој сеуште е непознато од кој период потекнува. Ќе се задржиме на рзглед на една од најстарите вили од градот, каде се снимени повеќе познати филмови. Овде Ви нудиме можност да ги направите најубавите панорамски слики на Кападокија од една од највисоките карпи во Uchisar. Организиран ручек во локален ресторан (факултативно) Попладнето можност за факултативна посета на Деверент долината која се наоѓа на само 10мин возење од Гореме. Долината изобилува со карпи кои имаат форма на животни, па затоа и се нарекува Камена Зоолошка Градина. Посета на Pasabag (Monk's Valley), каде што можат да се видат уникатни карпи во форма на печурки. Посета на Cavusin, најстарото село во Кападокија, каде ќе имате можност да ја посетите црквата Св. Јован Крстител. Црквата датира од 5 век и се наоѓа на највисокото место од селото и нуди можност за одлични панорамски снимки. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден

Појадок. Во раните утрински часови можност за факултативно летање со балон на Кападокија. Попладне организирана посета на подземните градови Kaymakli и Derinkuyu. Ова се двата најдолги и најдлабоки од сите 40 подземни градови во Кападокија. Двата имаат по 8 катови но не се сите отворени за посета.). Враќање во хотел . Ноќевање.

 

4 ден

Појадок.Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.

 

5 ден Кајсери-Истанбул-Скопје

Ланч пакет за појадок. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 05:45 часот. Пристигнување во Скопје во 10:15 часот.

 

Цени 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   275 € ( 17 050,00 мкд. за уплата до 20.06.2018)                                        

Редовна цена на понудата 339 €  (21 018, 00 мкд.)

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авиобилет на релација Скопје-Кајсери-Скопје
  • 4 ноќевања со појадок во хотел 3*** Супериор
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Локален водич

 

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Аеродромски такси 90 еур / 5 580 мкд (со променлива вредност) се плаќаат во агенцијата при уплата на аранжманот
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување

 

- Факултативни излети:

- Факултативно летање со балон над Кападокија 145 еур

- Сина тура (посета на подземните градови Kaymakli и Derinkuyu. Ова се двата најдолги и најдлабоки од сите 40 подземни градови во Кападокија) со вклучен ручек – 45 евра

-Црвена тура(Open Air Museum , Посета на Pasabag (Monk's Valley ) со вклучен ручек – 45 евра

 

Напомена: За да се резервираат дополнителните екскурзии со цел да се обезбеди сигурна реализација, потребна е резервација при самата уплата на аранжманот, најдоцна 1 недела пред тргнување !

 

  • Плаќањето е задолжително во денари
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна)
  •  За резервација задолжителна е уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 10 патници

Кападокија, Турција

Термини 09-13.09  /  11 – 15.10.2018   Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно, ќе изгледа исто како и Кападокија. Овој прекрасен регион во Централна Турција е познат по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле нивните домови и цркви.  Read more

Турција

ТурцијаLorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Sed lacus est, accumsan in laoreet sed, aliquet vitae odio. Pellentesque porta erat et consectetur varius. Fusce fringilla iaculis elit et rutrum. Sed in risus quis eros ultrices vehicula. Orci varius natoque penatibus et magnis dis parturient montes, nascetur ridiculus mus. Etiam non massa nisi. Curabitur vitae Read more

We are sorry, there are no reviews yet for this tour.