General

ПРОГРАМА:

1 ДЕН : СКОПЈЕ – СОФИЈА – ЛИСАБОН

Состанок на групата пред Хотел Холидеј Ин во Скопје 11.00 часот. Трансфер до аеродромот во Софија. Лет од Софија за Лисабон во 19.50 часот по локално време. Пристигнување во Лисабон во 22.00 часот по локално време . Трансфер до хотелот во Лисабон. Сместување. Нокевање.

2 ДЕН : ЛИСАБОН

Појадок. Разглед на португалскиот главен град ( пеш разглед од два часа со локален водич) кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Факултативно препорачуваме ручек во престижниот хотел на фудбалерот Кристијано Роналдо во центарот на Лисабон “ Pestana CR7 Lisboa”. Ноќевање.

3 ДЕН : ЛИСАБОН

Појадок. Препорачуваме овој слободен ден да го искористите за прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Попладне препорачуваме да го посетите најголемиот Шопинг центар Васко Де Гама кој работи до полнoќ. Нокевање

4 ДЕН :ЛИСАБОН

ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ ОКОЛИНАТА НА ЛИСАБОН ЕСТОРИЛ/КАШКАИШ/СИНТРА И КАБО ДА РОКА И ЛЕТ ЗА СОФИЈА

Појадок. Раздолжување на собите. Препорачуваме целодневен факултативен излет – екскурзија прошетка до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло.
Продолжуваме до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО Од овде се упатуваме кон аеродромот во Лисабон. Лет за Софија во 00.05 часот на 11.05.2018. Пристигнување во Софија во 06:00 часот по локално време. Трансфер до Скопје. Пристигнување околу пладне во Скопје на 11.05.2018 година.

ЦЕНОВНИК:

За уплата до 20 Јули 2018 – цената е 399 евра
Редовна цена на аранжманот е 499 евра

 

Цената вклучува:

 Повратен авионски превоз на релацијата Софија-Лисабон- Софија
 Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и обратно
 Трансфер од аеродромот во Лисабон до хотелот во Лисабон и обратно
 3 ноќевања со појадок во Хотел во Лисабон
 Разглед на Лисабон пеш со локален водич од 2 часа.
 Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

 Аеродромски такси кои се променливи ………..149,00 ЕУР
 Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) … 95,00 ЕУР
 Влезници во музеите и културно историските споменици
 Карти за локален превоз (метро, транвај, автобус, такси)
 Ручек во “ Pestana CR7 Lisboa”……. зависно од менито од 25 – 30 евра по лице се плака на лице место
 Патничко-здравствено осигурување задолжително.

НАПОМЕНИ:

 За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
 За реализација на факултативните излети посети и разгледи , потребно е пријавување најдоцна еден
месец пред поаѓање, калкулација е правена за минимум пријавени 20 патници, доколку се пријават помалку
агенцијата има право да ги откаже или да предложи цена според пријавените патници.
 За уплатана аранжманот во период на рана уплата се уплака целиот износ според понудата
По завршување на датумот предвиден за рана уплата , се плака според редовната цена.
* за Еднокреветна соба се доплака според условите на хотелот.
 За овој аранжман важат општите услови за патување на ОРФЕЈ ТРАВЕЛ СКОПЈЕ
 Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност
по курс 1 евро = 62 денари

НАПОМЕНИ:
ЗА ОНИЕ ЛИЦА КОИ НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ЦЕЛОДНЕВНАТА ЕКСКУРЗИЈА КЕ ИМ БИДЕ ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ДО АЕРОДРОМОТ ВО ЛИСАБОН.

 Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

We are sorry, there are no reviews yet for this tour.