В И Е Н А

 АВИОН / 3 дена / 2 ноќевања

 

 07. Март (Среда) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 13:45 часот. Полетување за Братислава во 15:40 и слетување во 17:15 часот. Трансфер до Виена. Сместување во хотел. Можност за кратка прошетка низ Виена. Ноќевање.

08. Март (Четврток) ВИЕНА

Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере (факултативно влез), Рингштрасе, Hundertwasser House, Операта, Музејскиот кварт, Парламентот, Ратхаус, Универзитетот, плоштадот Марија Терезија, Дворецот Хофбург – зимскиот дворец на Хабсбуршката династија, денес резеденција на австрискиот претседател, барокната Црква Св. Петар, плоштадот Stephanslpatz, Катедралата Св. Стефан… Слободно време и можност да се проба познатата захер торта со виенско кафе во познататото кафуле Централ. Потоа – факултативно, посета на Дунавската кула. Слободно попладне. Вечерта, можност да се проба прочуената виенска шницла во традиционален ресторан. Ноќевање.

 

09. Март (Петок) ВИЕНА – ПАРНДОРФ – БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно претпладне. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун познатата летна Хабзбуршка резиденција на Франц Џозеф изградена во 1700 г. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција која е под заштита на УНЕСКО. Организиран трансфер до аеродромот во Братислава со попатна посета на Парндорф, најголемиот outlet шопинг центар во Австрија. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 23:30 часот.

  

За уплата до 20.01.2018:

189 евра (11.720 денари)

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

219 евра (13.580 денари)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје

– Рачен багаж (1 торба/куфер до 10 кг.)

– Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Виена и обратно

– Сместување во Хотел 4* http://austriatrend-ananasvienna.h-rez.com/index.htm во Виена на база 2 ноќевања со појадок

– Разглед на Виена според програмата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 2.980 денари

– багаж за чекирање: куфер до 20 kg 3.700 денари; куфер до 32 kg 4.700 денари

– Посета на Белведере

– Посета на Дунавска кула

– Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35 евра

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

– Задолжително патничко – здравствено осигурување.

 

 

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затворени локалитети предвидени за посета и сл.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето!!!