ЧАЊ – Атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1 километар, наречена “Златна обала”, по бојата на песокот.

Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената “Краљичина плажа” до која се доаѓа само со брод, со должина од 120 метри, го добила името по Марија Караџорџевич, југословенска кралица која ја посетувала оваа плажа. Предноста на ова мало туристичко летувалиште е во тоа што се наоѓа надвор од големата сообраќајница, па тука целото семејство може да ужива во својот одмор.

Топлото море, песочната плажа, пријатната средоземно морска клима, парковите, чистотата, забранетиот сообраќај во местото, културните приредби и забави се причини Чањ да биде една од омилените туристички дестинации на Црногорското крајбрежје.За Чањ се поврзува легендата каде се судира морската, планинската и континенталната клима.

Познат е и како “Воздушна бања” погоден за лечење на хронични респираторни болести.

РАН БУКИНГ ЗА УПЛАТА ДО 20 АПРИЛ ПОПУСТ  – 10 %

 

Локација: Студио-апартманите се наоѓаат во мирниот ден на Чањ, на 300 метри од плажата и на 200 метри од ресторанот “Лара”.

Општи информации: Модерно опремени 1/2, 1/3, 1/4 студиа, лифт, рецепција, изнајмување чадори и лежалки на рецепција, паркинг.

Сместување: Студиата/апартманите се опремени со  клима, сателитска ТВ, Wi-Fi, мини-кујна целосно опремена, фрижидер, купатило со туш, тераса.

Услуга: Исхраната е во ресторанот “Лара”, на 200 метри од студиата и на 80 метри од плажата. Во понудата се 2 јадења за секој оброк, изборот се врши со анкета од денес за утре.

РАН БУКИНГ ЗА УПЛАТА ДО 20 АПРИЛ ПОПУСТ  – 10 %

*Попусти и доплати:

-Дете до 2 г. – бесплатно ( на заедничко легло, / без храна).

-Дете  2-10 г. – на заедничко легло – се наплатува 50% од цената.

-Дете 2-12 г. – на посебно легло – се наплатува 70% од цената.

-Дете до 12 г. со 1 возрасен во 1/2 студио – се наплатува 80% од цената.

-Доплата за клима – 2 еур. по студио дневно.

-Туристичка такса: 1 еур. по лице на ден.

-Осигурување: 0,50 еур. по лице на ден.

* Сместување во студиата од 12.00 ч., напуштање до 09.00 ч.

* Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд.