ПОСЕТЕТЕ ЈА МАЛТА  

Термини: / 08-11. Април / 29 Април-02 Мај / 20-23 Мај 2018

1 ден  СКОПЈЕ  – МАЛТА

Состанок на аеродромот во Скопје во 16.00 часот. Лет од Скопје за Малта во 17.50 часот. Слетување на аеродром во Малта во 19:35 часот (локално време). Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Нокевање

2 ден : ФАКУЛТАТИВНО РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ И ПОСЕТА НА  МДИНА И ТРИТЕ ГРАДА   (Mdina -Senglea – Isla- Vitoriossa – Birgu, )

Појадок. Факултативно разглед на трите града Senglea – Isla, Vitoriossa – Birgu,  најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење намалтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Продолжуваме до Валета.. Пешачки разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден  ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА  МДИНА и МОСТА

Појадок. Можност за факултативна посета на трите града и Мдина центарот на островот посетувајќи ја црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град). Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот. Враќање во хотел. За попладне препорачуваме, факултативно крстарење со Малтешко бродче по заливите на Валета. Единствена можност да ја доживеете Валета од море., Слободно попладне за индивидуални активности. Нокевање

4 ден      МАЛТА – СКОПЈЕ   ( ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА ОСТРОВИТЕ ГОЗО И КОМИНО)

Појадок.Одјавување на собите и оставање на багажот во соба предвидена за багаж.

Слободно време или Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел

Организиран трансфер до аеродром во .00 часот. Полетување за Скопје во 20:05 часот. Слетување во Скопје во 21:50 часот (по локално време). Трансфер до Скопје.

ХОТЕЛ   3*,  3 Нокевања
за уплата до 05 МАРТ 201 цената по лице е 299 ЕУР

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 399 ЕУР

 

НАПОМЕНА: ЗА УПЛАТА ПО ЦЕНА ЗА РАН БУКИНГ УПЛАТА СЕ ВРШИ ВО ЦЕЛОСТ ДО ДЕНОТ КОГА ВАЖИ ЦЕНАТА ЗА РАНА УПЛАТА, ЗА УПЛАТА ПО РЕДОВНА ЦЕНА СЕ УПЛАКА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА 50 % А ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА 15 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕ.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir

– Рачен багаж со димензии 55 х 45 х 32 цм  до 10 кг

– Трансфер Скопје – Софија – Скопје

– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.

– Сместување во хотел 3* на база 4 ноќевања  од кои 3 со појадок а едно само нокевање

– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси по лице се 3.300 денари

– Разглед на Валета и Трите града  …….. 45,00 ЕУР по лице превоз и водич

– Факултативна посета на Мдина и Моста……… 35 ЕУР

– Факултативна посета на островите Гозо и Комино со брод 45,00 ЕУР по лице

– Крстарење со бродче по заливите околу Валета , посбна можност да ја доживеете Валета од море

Која кошта 15,00 ЕУР по лице

– Туристичка такса во хотел 1,50 ЕУР по лице на ден

– Влезници за културно историските музеи не се вклучени

– Патничко осигурување

– Сите неспоменати трошоци

– Багажот се доплаќа според условите на ВИЗЕР

НАПОМЕНИ:

* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки

* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција

напомени за патување:

– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

– За овој програм важат Опшите Услови на патување

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

*Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето

Агенцијата има право да направи измена во програмата доколку авиокомпанијата го измени редот на летање како и саатниците на полетување и пристигнување.