АМСТЕРДАМ 

Цена на аранжманот за рана уплата: 279 еур.

Редовна цена на аранжманот: 349 еур.

Термин: 09.03 – 12.03.2017

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со авион на релација: Скопје – Ајндховен– Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Трансфери во Амстердам: аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во Амстердам во 3*** на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Амстердам
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањто

Во цената на аранжманот  не е вклучено:

  • Аеродромските такси од 3.600  мкд, износот е променлив
  • Мала холандска екскурзија, Волендам и Знас Ченс (55 €)
  • Голема Холандска Тура ( 75 €)
  • Крстарење по каналите на Амстердам 15 €
  • Голема кабинска торба (со димензии 56х45х25см) 2000  денари или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) во два правци 3.200 денари, (1 куфер до 32 kg) во два правци 4.400 денари.
  • Влезници за музеите и културно историские споменици
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот, потрбен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - АМСТЕРДАМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 05:00 часот. Полетување за Ајнховен во 07:00 часот, пристигнување во Ајнховен во 09:50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Амстердам. Сместување во хотел. Разглед на Амстердам: Плоштадот Дам, Кралската палата, Споменикот на соодинетите холандски провинции, Музејот на Мадам Тисо, Кулата Мунт, Пловечкиот пазар, старата пивница Хајнекен, новиот градски кварт,.. Слободно време за прошетка низ градот. Љубителите на уметноста можат да ги посетат музеите: Ријкс музејот кој е основан од братот на Наполеон, музејот Ван Гог. Ноќевање.

2

02 ден АМСТЕРДАМ (Голема Холандска тура)

Појадок. Целодневен факултативен излет со автобус: Сликовитото градче Делфт- познат по порцеланот и сликарите, Ротердам – модерен град и едно од најголемите светски пристаништа, Шевенинген, Ден Хаг – холандска административна престолнина на Холандија, на враќање кон Амстердам посета на градот на минијатури Мадуродам. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

3

03 ден АМСТЕРДАМ (Волендам и Зенс Ченс)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Волендам, живописно рибарско место со многу рибни ресторани и прекрасна околина како и Занс Чанс со познатите ветерници и традиционалните дрвени куќарки. Се посетуваат работилница за кломпи, работилница за порцелан и работилница за правење сирење со  можност за дегустација на истото. Посета и влез во неколку  ветерници. Враќање во Амстердам. Во слободно време можност за посета на улицата на црвените фенери, посета на музејскиот кварт и влез во познатиот Холандски Национален Музеј – „Rijksmuseum” кој содржи исклучително богата колекција на врвни уметнички дела од познати Холандски сликари, меѓу кои и импозантната „Ноќна стража“ на Рембрант. Можност за шопинг во шопинг центрите во близина на плоштадот Дам или релаксација во многубројните кафетерии, во кои можете да уживате во добро Холандско пиво и одлична атмосфера. Ноќевање.

4

04 АМСТЕРДАМ - АЈДХОВЕН - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Ајндховен. Аеродромот за Скопје полетува во 10:20 часот, пристигнување во Скопје во 12:45 часот.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг