Термини: 04.03-07.03.2018
Авион / 4 дена / 3 ноќевања

Посетете ја софистицираната, елегантна и романтична стара дама – Барселона. Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, благодарение на широкоградиот дух на Шпанците тој не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела.

1 ДЕН : СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:00 часот. Полетување за Барселона во 18:25 часот. Пристигнување во Барселона во 20:45 часот. Трансфер до хотелот. Сместување во одбраниот хотел. Ноќевање.
2 ДЕН : БАРСЕЛОНА
Појадок. Предлагаме факултативен разглед на градот ,прошетка низ најпознатата улица во Барселона – вибрантната и секогаш возбудлива Рамбла (Las Ramblas), булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село…. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското култирно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo.. Ноќевање.
3-4 ДЕН БАРСЕЛОНА (факултатива: Монсерат или Фигерас+Герона)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативна посета на Фигерас со Герона и Монсерат – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar … Слободно време за кафе пауза. На пат кон Барселона попатно посета бенегдиктинскиот манастир во Монсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Вечерта, факултативна вечер со Фламенко. Ноќевање.
5 ДЕН БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување на собите и сместување на багажот во соба предвидена за багаж.Слободен ден за индивидуални активности или можност за прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Попладне, препорачуваме посета на Триумфална Порта, Главниот парк со неговите градини… Посета на Готскиот кварт и многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. Во 18.00 часот трансфер до аеродормот во Барселона. Лет за Скопје во 21:15 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 23:55 часот.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 соба

>>> 299 ЕУР за уплата до 20.01.2018 <<<

РЕДОВНА ЦЕНА 349 еур

НАПОМЕНА: ЗА УПЛАТА ПО ЦЕНА ЗА РАН БУКИНГ УПЛАТА СЕ ВРШИ ВО ЦЕЛОСТ
ЗА УПЛАТА ПО РЕДОВНА ЦЕНА СЕ УПЛАКА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА 50 % А
ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА 15 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕ

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз: Скопје – Барселона – Скопје
– Трансфери во Барселона, на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Багажот 10 кг
– Сместување во Хотел на база три ноќевања со појадок / 3 *** во Барцелона
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Аеродромски такси во Скопје и Барселона – 60еур (3.720 мкд)
– Допплата за еднокреветна соба 135 еур
– Факултативно- разглед на градот Барцелона ……… 40 ЕУР со автобус а 25 ЕУР е пеш и метро
– Факултативна вечер со Фламенко 50,00 EUR
– Факултативна посета на Фигерас и музејот на Салвадор Дали (вклучена влезница), И Герона 50,00 ЕУР по лице
– Посета на Монсерат со превоз и водич ……… 50,00 еур
– Влезници во објектите и културно историски споменици (Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell, Camp Nou, Шпанско Село,) се плакаат на лице место
– Туристичка такса, се наплаќа на рецепција во хотел 1,00 € на ден. ( секој ја плака сам )

Забелешки:
– ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
– Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
– Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман
– Организатор на ова патување Орфеј травел.

*** ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО НАВЕДЕНИТЕ ЦЕНИ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ НА ПРИЈАВЕНИ 15 ПАТНИЦИ. ДОКОЛКУ ИМА ПРИЈАВЕНО ПОМАЛКУ ВО ТОЈ СЛУЧАЈ АГЕНЦИЈАТА
ИМА ПРАВО ДА ЈА ОТКАЖЕ ФАКУЛТАТИВНАТА ЕКСКУРЗИЈА ПОРАДИ НЕ ДОВОЛЕН БРОЈ НА
ПРИЈАВЕНИ ЛИЦА ИЛИ ДА ЈА ПОКАЧИ ЦЕНАТА СПОРЕД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ.
– при пријавување и резервација по цена за рана уплата , потребно е да се уплати износот во целост не подоцна од денот предвиден до кога важи уплатата по ран букинг. За уплата после предвидениот рок за рана уплата важи редовната цена по која се уплака 50 % при резервација
а остатокот не покасно 15 дена пред почеток на патувањето.
– При недоволен број на патници агенцијата има право да го откаже патувањето 5 дена пред
Почеток на истото или да го презакаже за друг термин.