ТРИ ВО ЕДНО

Барселона – Лисабон – Париз

Редовна цена на аранжманот е 699 евра

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Повратен авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Лисабон – Париз – Скопје
  • Трансфер од аеродромот во Барселона до Хотелот
  • Трансфер од аеродромот во Лисабон до Хотелот
  • Трансфер од аеродромот во Париз до Хотелот и Обратно
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Лисабон
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Барселона
  • 2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Париз
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 9.300 денари
  • Факултативен разглед на Барселона – 30 еур.
  • Факултативен разглед на Лисабон – 30 еур.
  • Факултативен разглед на Париз – 30 еур.
  • Факултативен излет во околинатта на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) – 65 еур.
  • Влезници во музеите и културно-историските споменици
  • Посета на Ајфеловата кула – 20 еур. (влезница до вториот кат)
  • Посета на Лувр – 40 еур. влезница + водич (се поатува со метор, картите секој сам си ги купува)
  • ППосета на Версај – 60 еур. влезница + водич + превоз / со предходна резервација
  • Крстарење по Сена – 15 еур.
  • Карти за локален превоз (метро, транвај, автобус, такси)
  • Доплата за еднокреветна соба – 210 еур.
  • Патничко – здравствено осигурување задолжително.

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманоте потребен минимум до 15 патници
  • За уплата на аранжманот во период на рана уплата се уплаќа целиот износ според понудата
  • По завршувањето на датумот предвиден за рана уплата, се уплаќа според редовната цена
  • За овој аранжман важат општите услови за патување наа ОРФЕЈ ТРАВЕЛ – СКОПЈЕ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучивпо во денарска противредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршување на патувањто

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 4:30 часот. Полетување за Барселон Рама во 06:05 часот. Директен лет за Барселона. Пристигнување во Барселона во 08:45 часот. По завршување на пасошките и царинските формалности Предлагаме, факултативен разглед на градот, прошетка низ најдобрата улица во Барселона – вимбрантната и секогаш возбудлива Рамбла (Las Rmblas), булеварот Дијагонал авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната горска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот гградкси плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо – место каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село… Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до ппаркот ”Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Анотони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Организиран трансфер до Хотелот. Ноќевање.

2

02 ден БАРСЕЛОНА

Појадок. По појадокот предлагаме индивидуална прошетка низ Барселона или Факултативен излет Монсерт. Враќање попладне. Вечерта факултативна посета на националниот ресторан Фламенко шоу. Ноќевање.

3

03 ден БАРСЕЛОНА - ЛИСАБОН

Појадок. Трансфер до аеродромот во Барселона. Лет за Лисабон и престигнување. Трансфер до хотелот и сместување. Појадок. Факултативен разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Меркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Теажо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфама. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на UNESCO. Можност за посета на продавниците во еден од најголемите шопинг центри во Европ, Freeport Outlet Designer Mall. Попладневна прошетка на елегантната Авенија на Слободата до Плоштадите Росио и Рестаурадорес. Ноќевање.

4

04 ден ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА

Појадок. Препорачуваме полудневен факултативен излет во околината на Лисабон, прошетка до Синтра, сликовит град под заштита на UNESCO, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејствта. Патувањето продолжува до најпознатата точка на континентална Европа, Кабо де Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Естроил. Оваа монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во Лисабон во попладневните часови. Вечерта, Факултативна посета на националниот ресторан со Фадо музика.

5

05 ден ЛИСАБОН

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

6

06 ден ЛИСАБОН - ПАРИЗ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Лисабон. Лет за Париз. Пристигнување во Париз. Факултативен панорамски разгглед на градот: Операта, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Кралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам, Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната капија, Елисејските полиња… Сместување во хотел. Попладне прошетката продолжува со Факултативно, вечерно крстарење по Сена, романтично пловење со брод со прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот… Ноќевање.

7

07 ден ПАРИЗ

Појадок. Попладневен факултативен излет до најголемиот и најпосетениот музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат дел од најпознатите уметнички дела во светот, како Мона Лиза на Леонардо да Винчи, венера од островот Милос, Крилестата победа ”Nike” од Самотраки, Сплавот на медуза и голем број познати дела на Рембрант, Рубенс… (одење и враќање со метро). Попладне факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на Француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило… Во попладневините часови посета на катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт и Луксембуршките градини… Ноќевање.

8

08 ден ПАРИЗ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер од хотел до Аеродром. Лет за Скопје во 09: 50 часот. Пристигнување во Скопје во 12:15 часот.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг