БАРСЕЛОНА

Термини: 26.05. – 29.05.2017  /  13.10. – 16.10.2017

Цена на аранжманот за рана уплата – 299 еур

Редовна цена на аранжманот – 399 еур.

Посетете ја софистицираната, елегантна и романтична стара дама – Барселона. Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, благодарение на широкоградиот дух на Шпанците тој не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Авионски превоз: Скопје – Барселона – Скопје
– Трансфери во Барселона, на релација: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во Хотел на база три/четири ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Аеродромски такси во Скопје и Барселона – 60еур (3.720 мкд)
– Багажот не е вклучен во цената на аранжманот / според условите на ВИЗЕР се плака
– Допплата за еднокреветна соба 135 еур
– Факултативно- разглед на градот Барцелона 35 ЕУР
– Факултативна вечер со Фламенко 50,00 EUR
– Факултативна посета на Фигерас и музејот на Салвадор Дали (вклучена влезница), и Герона 50,00 ЕУР по лице
– Посета на Монсерат со превоз и водич 50,00 еур
– Влезници во објектите и културно историски споменици (Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell, Camp Nou, Шпанско Село,) се плаќаат на лице место
– Туристичка такса, се наплаќа на рецепција во хотел 1,00 € на ден. (секој ја плаќа сам )

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
– Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
– Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман
– Организатор на ова патување Орфеј травел.
– За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
– За оваа програма важат општите услови за патување .

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:25 часот. Пристигнување во Барселона во 21:10 часот. Трансфер до хотелот. Сместување во одбраниот хотел. Ноќевање.

2

02 ден БАРСЕЛОНА

Појадок. Предлагаме факултативен разглед на градот ,прошетка низ најпознатата улица во Барселона – вибрантната и секогаш возбудлива Рамбла (Las Ramblas), булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село…. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското култирно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo.. Ноќевање.

3

03 ден БАРСЕЛОНА (факултатива: Монсерат или Фигерас+Герона)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативна посета на Фигерас со Герона и Монсерат – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar … Слободно време за кафе пауза. На пат кон Барселона попатно посета бенегдиктинскиот манастир во Монсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Вечерта, факултативна вечер со Фламенко. Ноќевање.

4

04 ден БАРСЕЛОНА

Појадок. Факултативна прошетка (со метро) до Олимпиското пристаниште и плажата Барселонета. Можност за посета на Аквариумот – еден од наголемите и најубавите во Европа. Попладне, препорачуваме посета на Триумфална Порта, Главниот парк со неговите градини… Посета на Готскиот кварт и многубројните музеи, како Музејот на Пикасо и Чоколадниот Музеј. Ноќевање.

5

05 ден БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Во 18.00 часот трансфер до аеродормот во Барселона. Лет за Скопје во 21:45 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 00:30 часот.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг