30.12.2017-01.01.2018 (3 ДЕНА/ 2 НОЌЕВАЊЕ)

1 ден (30.12.2017 – сабота): Белград

Тргнување од Скопје  и патување кон Белград со попатни паузи, пасошки и царински формалности на македонско – српската граница

Пристигање во Белград во претпладневните часови. Разглед на градот со локален водич: црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло.  Пешачки разглед на тврдината Калемегдан, опционално посета на зоолошка градина и прошетка по најпозната белградска улица – Кнез Михајлова. Во договор со пратителот на групата се упатуваме кон хотелот .Сместување во хотел и време за одмор, слободни активности.  Вечерта организиран превоз до градот за индивидуално организирани предновогодишни прошетки и прослави. Индивидуално враќање во хотелот. Ноќевање.

 

2 ден (31.12.2017 –недела ): Белград –Нови Сад – Белград

Појадок во хотел. Факултативен излет за Нови Сад со кој се предвидува посета на Караѓоѓевата тврдина, каде се одржува познатиот музички фестивал – Егзит. Прошетка низ централното градско подрачје каде ќе може да го видите Соборниот храм „Св.Ѓорѓи“, Владичкиот двор, плоштадот Слобода, градското Собрани, Театарот,…  Слободно време за ручек или кафе и уживање во Новогодишниот амбиент. Враќање за Белград.  Слободно време за одмор. Вечерта – организиран превоз за дочек на Нова Година на плоштад. Индивидуално враќање во хотелот. Ноќевање.

 

3 ден (01.01.2018 –понеделник  ): Белград – Македонија

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до најголемиот шопинг центар во Белград  „Делта сити“. Поаѓање за Македонија во попладневни часови. Патување назад со попатни паузи за одмор и пасошки и царински формалности на српско – македонската граница. Пристигање во Македонија околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2017: 97 € (6.014 денари)

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 15.11.2017:107 € (6.634 денари)

 

Во цената е вклучено:

Разглед на Белград со локален туристички водич

Превоз со високотуристички автобус на релацијата по програмата,

Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Белград на база 2 ноќевање и појадок,

Професионален туристички придружник од агенцијата,

Организација од туристичка агенција.

 

Во цената не е вклучено:

Трансфер со автобус и разглед на Нови Сад со локален туристички водич – 15 €, (минимум 30 пријавени патници)

Туристичка такса се плаќа директно во хотел – 1,2 € на вечер,

Патничко осигурување,

Влезници во музеи и др.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Орфеј
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.06.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2017 и минимум пријавени патници за  реализација: 30.

За оваа програма важат општите услови за патување на  Т.А.Орфеј