Термини на поаѓање 2018:  / 28.04-01.05/ 09-12.06/ 08-11.09/ 20-23.10/

Во центарот на Европа, распослан на двата брега на Дунав, лежи главниот град на Словачка – Братислава. Сместен во југозападниот дел на земјата и на само неколку километри одалечен од границата со Австрија и Унгарија, Братислава крие долга и богата историја. Панорамскиот разглед ќе ви овозможи да се запознаете со најпознатите атракции на словачката престолнина:  стариот град (Stare mesto) со многу ресторани, пивници, продавници,  Михалската Порта во која денес е сместен воениот музеј, Катедралата на Св. Мартин каде што е крунисана австро-унгарската кралица Марија Терезија, Палатата Примата во која австрискиот и рускиот император потпишале капитулација пред Наполеон, главниот плоштад со фонтаната, Старата Градска Општина, Националниот театар, Катедралата на Светото Тројство, Редута – зградата на словачката филхармонија, куќата на Палфи и секако главната знаменитост и симбол на градот – Братиславскиот Замок изграден во 10. век, кој подоцна во 18.век бил пренаменет и преуреден во кралска палата од страна на австро-унгарската кралица Марија Терезија.

1 ДЕН:  СКОПЈЕ – Братислава

Состанок на групата во 18.00  на аеродромот во Скопје. Лет за Братислава во 19:45 часот . Пристигнување во Братислава во 21.20 часот. Трансфер до хотелот . Сместување во хотел во Братислава 3 ***. Нокевање

2 ДЕН:Братислава

Појадок.  Факултативно ,Панорамски разглед на градот ;  Стариот град со главните знаменитости: Националниот театар, палатата Примата, Старата градска општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската палата, Катедралата Св.Мартин, Сината Црква, Црквата Св.Тројца…Факултативно посета на ПАНДОРФ шопинг центар. Сместување во хотел во Виена. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ДЕН:    ФАКУЛТАТИВНО Виена  

Појадок. Факултативен панорамски разглед на градот Виена: катедралата Св.Штефан и Штефанплац, Бургтеатар, Мусеум Квартие, Парламентот, катедралата Фотиф, Градското Собрание Ратхаус, Универзитетот, Маријатерезиенплац.. со посета на некогашната резиденција на Марија Тереза, Факултативно посета на дворецот Шенбрун и дворецот Белведере..со професионален локален водич.. Ноќевање.

 4 ДЕН:     СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА

Појадок. Слободен ден  за индивидуални активности до поаѓање  ( одјавување на собите до 11.00 часот и оставање во собата предвидена за багаж во хотелот.  Состанок пред хотел во 18,00 часот и Трансфер од хотелот до аеродромот во 18.00 часот. Лет за Скопје во 21.55 часот. Пристигнување во  Скопје во 23.30 часот.

РЕДОВНА ЦЕНА :  ЦЕНА: 349 ЕУР / 21.640,00  денари

ГРУПЕР ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 05.04.2018………  249 ЕУР / 15.440 ден

Во цената е вклучено:

*  Превоз со авион на релација Скопје-Братислава- Скопје

*  Трансферите од аеродромот до хотел и обратно

* Сместување во хотел со 3 *** во Братислава на база едно нокевање  со појадок во двокреветни соби.

И две нокевања со појадок во Виена

* Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х23см)

* Професионален туристички придружник за оваа програма,

* Организација и  реализација на програмата

* Во цената не е вклучено:

 * Аеродромски такси ……3.650,00

* Факултативно разглед на Братислава и посета на Пандорф …… 40,00 ЕУР

* Факултативно Посета и разглед на Виена  (30 € )

* Посета на дворецот Шенбрун ( со водич 35 ЕУР )   Посета на Белведере ( со водич 35 ЕУР по лице)

* Патничко осигурување ( 220 мкд )

*Чекиран багаж, цената важи според правилата на Визер

– Влезници за музеи и културно-историски споменици

* Влезници за културно историски споменици и други не спомнати трошоци

НАПОМЕНА:

* За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 20 патници

* За оваа програма важат општите услови за патување

ЗАБЕЛЕШКИ: 
Организатор на ова патување ОРФЕЈ ТРАВЕЛ СКОПЈЕ  /  – Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето.

Pandorf  – Трговскиот центар Pandorf се наоѓа на околу 60 км од Виена (на границата со Австрија и Унгарија) и е еден од најголемите во регионот. Припаѓа на групацијата McArthurGlen која на територијата на Европа има преку 15 outlet центри. Во него се наоѓаат 150 продавници со преку 600 брендови.