НОВА  2018 ГОДИНА во БУДИМПЕШТА

29.12.2017 – 02.01.2018(5 дена / 2 ноќевања)

 

1 ден (29.12.2017- петок) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА            

Состанок со групата во Струмица во 13.00 часот, со попатно собирање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Тргнување од Скопјe во 16.00 часот. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден (30.12.2017- сабота) – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.  Слободно време на Ваци.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта одиме на Крстарење соброд по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (31.12.2017 – недела) –  БУДИМПЕШТА   ***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА 2018***

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Парламентот http://www.budapest-parliament.com , еден од трите најголеми парламенти во Европа. Факултативна посета на Дворецот на Кралицата Сиси http://www.kiralyikastely.hu/main_page. Слободно време за индивидуални прошетки во предновогодишно украсената Будимпешта.

Вечерта дочек на Новата година на некој од плоштадите во Будимпешта, или можност за дочек во Национален ресторан – ЧАРДА (факултативно). Ноќевање.

4 ден (01.01.2018 – понеделник) – БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот во 10:00 часот и упатување во факултативна посета на Тропикариумhttp://www.tropicarium.hu .  Можност за шопинг во трговскиот центар во чиј состав е Тропикариумот. Поаѓање за Скопје во 17:00ч. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 5 ден (02.01.2018 – вторник) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2017 –  125€ (7.750 ден.)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 15.11.2017 –  135€ (8.370 ден.)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
  • Сместување во хотел во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок хотел 3***
  • Придружник од агенцијата за време на патувањето,
  • Организација и реализација на аранжманот

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативни посети
  • Дочек на Нова година во национален ресторан – Чарда –  €
  • Влезници за музеи и културно – историски споменици
  • Патничко осигурување

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

ЦЕНИ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА :

  • Разглед на Будимпешта со локален водич – задолжителна уплата во агенција – 10 €
  • Крстарење со брод по Дунав – 15 €
  • Вечера во ресторан – чарда – 25 €
  • Посета на Тропикариум (трансфер, влезница и локален водич) – 15 €

ЦЕНИ ЗА УПЛАТА НА ЛИЦЕ МЕСТО :

  • Крстарење со брод по Дунав – 20 €
  • Вечера во ресторан – чарда – 30 €
  • Посета на Тропикариум (трансфер, влезница и локален водич) – 20 €

 

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Орфеј
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2017 и минимум пријавени патници за  реализација: 40

За оваа програма важат општите услови за патување на  Т.А.Орфеј