Убавица на Дунав – БУДИМПЕШТА

Авион / 3 дена / 2 ноќевања

08 март (четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на група на аеродромот Александар Велики во 13.45 часот. Полетување за Будимпешта со Wizz Air во 15.20 часот. Слетување во 16.50 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативно крстарење со брод под прекрасните мостови Дунав. Ноќевање.

09 март (петок) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА
Појадок. Панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина…. Потоа, факултативно – задолжително, посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Будимпешта. Вечерта, факултативно вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.

10 март (сабота) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродром. Лет на Wizz Air за Скопје во 13.25 часот. Пристигнување во Скопје во 14.50 часот.

Цена за уплати до 20.01.2018:

169 евра (10.500 мкд)

Цена на аранжманот:

199 евра (12.300 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Будимпешта-Скопје
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж со димензии 50 цм х 40 цм х 23 цм и максимална тежина до 10кг
  • Организиран разглед на Будимпешта со локален водич
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 2.100 мкд – задолжитело се плаќа во агенција
  • чекиран багаж – куфер, со максимална тежина до 20кг – 3.000 мкд
  • Посета на Сент Андреа 10 евра – задолжитело се плаќа во агенција
  • Вечера во ресторан – чарда 35 евра
  • Крстарење со брод по Дунав 15 евра
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 2.600 мкд

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7 дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето!!!