5 ДЕНА СО АВТОБУС 3 НОКЕВАЊА

ТЕРМИНИ:  27.04 до 01.05 / 23 до 27.05

Програма:

1 ден (Петок – 27.04.2018): СКОПЈЕ –ЦРНА ГОРА

Состанок на групата ПРЕД Холидеј Ин во Скопје во 21.00 часот. Поаѓање за Црна Гора во 21:15 часот. Патот води преку Косово, Албанија,Скадар, Бар… Ноќно и денско патување со попатни паузи и царински формалности.

 2 ден (28.04.2018): ОСТРОГ – ПОДГОРИЦА – ЧАЊ

Пристигнување во Острошки Манастир во утринските часови. Слободно време за индивидуален разглед на бисерот на средновековното Православно Христијанство… вграден во самите карпи, манастирот изгледа како да не е граден од човечки раце, туку повеќе како едно од чудата на Св. Василие… основан во 17ти век од Св. Василие, чии мошти се сметаат за чудотворни. Во попладневните часови посета на трговскиот центар “Delta City” во Подгорица и поаѓање за Чањ. Сместување во двокреветни и трокреветни соби. Вечера. Ноќевање.

3 ден (29.04.2018): ЧАЊ – КОТОР – БУДВА  

Појадок. Факултативна посета на градот Котор и разглед на стариот град . Стариот град Котор (како дел од некогашна Република Венеција) е дел од културното наследство на УНЕСКО, со добро зачувани градби и тврдина, а заливот Бока Которска е најдлабокиот и најдолгиот залив на Јадранско Море или најјужниот фјорд во Европа. Посета на Будва. Слободно време за разглед на стариот град и пршетки низ Будва. Во вечерните часови враќање во Сутоморе. Вечера. Ноќевање.

4 ден (30.04.2018): ДУБРОВНИК

Појадок. Факултативна целодневна посета на Дубровник. Патот води преку Тиват, со траект, покрај Херцег Нови. Пристигнување во Дубровник – бисерот на Јадранот, кој изобилува со исклучително богата туристичка понуда. Град на хотели, преубава околина и завиден еколошки стандард – привлечен во секое годишно време. Со самата прошетка низ “Страдун“, тесните улички и малите плоштади, монументалните ѕидини и тврдини, ќе се сретнете со илјада годишна убавина на неговото како во школка вовлечено урбано јадро. Разглед на стариот дел на градот: градскиот часовник, Орландовиот столб, Онофриевата чешма, Палaтата Спонца, црквата Св. Влах – заштитникот на градот… Вечерта враќање во Сутоморе. Слободно време. Вечера. Вечера.Ноќевање.

 5 ден (01.05.2018): ЧАЊ- СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време. Ручек.  одјавување и напуштање на собите. Заминување за Скопје преку Албанија, Косово.  Пристинување во Македонија во ноќните часови.

Цена на аранжманот на нокевање со појадок: 3.990,00денари

Цена на аранжманот на полни пансиони:  4.990,00денари

Цената на аранжманот вклучува:  

  • Автобуски превоз на горенаведената релација
  • 3 ноќевања во хотел ЛАРА 3*** во Чањ
  • Посета на Острошки Манастир, Подгорица, Будва
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

 Цената на аранжманот не вклучува:

  • Целодневна посета на Дубровник – 15 €
  • Посета на Котор – 10 €
  • Патничко осигурување
  • Превозот од долниот манастир во Острог до Горниот го плаќа секој патник на лице место на локални превозници. До горниот манастир не може да се стигне со автобус.

 Напомена:

 За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 Со оваа програма важат Општите услови.