ТЕРМИНИ: ( 09-11.03. 2018 )

1 ден : СКОПЈЕ- БУДВА
Состанок на групата пред хотел Холидеј ин во Скопје во 23.00 часот
Поаѓање за Црна Гора во 23:00 часот. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности.
2 ден : БУДВА
Пристигнување во Будва во утринските часови. Кратка пауза за разглед на Св. Стефан – најатрактивното и најмонденското летувалише на Црногорското Приморје – време за фотографирање. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуален разглед на Будва: стариот град, црвите св. Марија и св. Иван, шеталиштето, плоштадот, Словенска плажа… Ноќевање.
3 ден БУДВА – ДУБРОВНИК
Појадок. По појадокот – факултативна целодневна посета на Дубровник. Патот води преку Тиват, со траект. Пристигнување во Дубровник – бисерот на Јадранот, кој изобилува со исклучително богата туристичка понуда. Град на хотели, преубава околина и завиден еколошки стандард – привлечен во секое годишно време. Со самата прошетка низ “Страдун“, тесните улички и малите плоштади, монументалните ѕидини и тврдини, ќе се сретнете со илјада годишна убавина на неговото како во школка вовлечено урбано јадро. Разглед на стариот дел на градот: градскиот часовник, Орландовиот столб, Онофриевата чешма, Палтата Спонца, црквата Св. Влах – заштитникот на градот… Патувањето продолжува за Котор. Пристигнување во градот и разглед: Столбот на срамот и Катедралата Св. Трипун. Вечерта враќање во Будва. Слободно време. Ноќевање.
4 ден: БУДВА – ОСТРОГ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање кон манастирот Св. Василие Острошки. Пред пладне пристигнување во Острошкиот манастир и време за индивидуален разглед на бисерот на средновековното Православно Христијанство… вграден во самите стени, манастирот изгледа како да не е граден од човечки раце, туку повеќе како едно од чудата на Св. Василие… основан во 17ти век од Св. Василие, чии мошти се сметаат за чудотворни.. Во попладневни часови планирано поаѓање за Скопје.
Пристигнување во СКОПЈЕ во доцните вечерни часови.

Цена со ПОПУСТ: 5990 денари. 

Цена на аранжманот: 7.200,00 денари
* Доплата за еднокреветна соба

Цената на аранжманот вклучува:
Автобуски превоз на горенаведената релација,
2 all inclusive во хотел со 4*во Бечичи
посета на Острошки Манастир
организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената на аранжманот не вклучува:
Факултативни излети и посети,
Влезници при посета на културно-историските споменици,
Патничко осигурување

Цени за факултативата:
Целодневна посета на Котор и Дубровник – 15 €
Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење