ЏЕТСТЕРСКА ТУРА – АЗУРЕН БРЕГ

БАРСЕЛОНА / СТ. ТРОПЕ / КАН / НИЦА / МОНАКО / ПОРТОФИНО / МИЛАНО

Хотел 3 *** / Авион / 9 дена

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 799 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:

Авионски превоз: Скопје – Барселона – Бергамо Скопје
Автобуски превоз на релација според програмата
Сместување во Хотел во Калела на полупансион 3*** и по едно нокевање во Ница и околина на Милано во хотел со 3 ***
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Аеродромски такси во Скопје и Барселона – 90еур
Факултативен разглед на Барцелона – 35 ЕУР
Факултативна вечер со Фламенко  – 35 ЕУР
Факултативна посета на Фигерас и музејот на Салвадор Дали (вклучена влезница) – 50 ЕУР
Влезници во објектите и културно историски споменици (Sagrada Familia, Montjuic, Parc Guell, Camp Nou, Шпанско Село,)
Туристичка такса, се наплаќа на рецепција во хотел 1,00 € на ден.
Посета на Монте Карло ноќе –  25 ЕУР
БАГАЖ се плака според условите на ВИЗЕР авио компанија

ЗАБЕЛЕШКИ:
– ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 30 ПАТНИЦИ
– Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
– Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман
– Организатор на ова патување –  Орфеј травел.
– За резервации по редовна цена , потребен е аванс од 50% од вкупнот износ на аранжманот, и целосна доплата најдоцна 20 дена пред датумот на патувањето.
– За резервации во период на рана уплата односно на цена со попуст потребен е аванс од 100% од вкупнот износ на аранжманот
– Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Барселона во 18:20 часот. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел Во КАЛЕЛА – Коста Брава.  Ладна Вечера во хотелот. Ноќевање.

2

02 ден БАРСЕЛОНА

Појадок. Предлагаме факултативен  разглед на градот ,прошетка низ најпознатата улица во Барселона – едиствената и секогаш возбудлива Рамбла (Las Ramblas),  булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село…. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското култирно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo.. Вечера. Ноќевање.

3

03 ден БАРСЕЛОНА (факултатива: Монсерат или Фигерас+Герона)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки и можност за шопинг во познатите шопинг центри од градот, или факултативна посета на Фигерас со Герона и Монсерат – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar … Слободно време за кафе пауза. На пат кон Барселона попатно посета бенегдиктинскиот манастир во Монсерат, изграден високо на камени формации во планините северозападно од Барселона. Вечера Вечерта, факултативна вечер со Фламенко. Ноќевање.

4

04 - 05 ден СЛОБОДЕН ДЕН

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетка низ Калела, прекрасно градче на обалата на Коста Брава. Ручек, Слободно попладне или предлагаме факултативно посета на ФЛАМЕНГО ШОУ. Вечера. Нокевање.

6

06 ден НОКНО ВОЗЕЊЕ СО АВТОБУС/МИНИБУС ИЛИ КОМБЕ- КОН НИЦА

Појадок. Слободно предпладне. Одјавување на собите. Слободно попладне до поаѓање за Ница. Ноќно возење поред градовите Перпигнон и Марсеј, со попатни паузи за одмор.

7

07 ден СТ.ТРОПЕ / КАН / НИЦА

Во утринските часови пристигнување во Ст. Тропез, монденско градче на Азурната обала. Краток Разглед на градчето и слободно време за кафе. Заминување и посета на градот Кан- познат по филмскиот фестивал. Прошетка по Кроасетата. Попладне заминување за Ница. Сместување во Хотел во  Ница ***. Вечерта факултативно посета на Монте Карло (факултативниот излет чини 25,00 ЕУР по лиц),  посета на познатото Казино Ројал. Враќање во хотелот во Ница. Ноќевање.

8

8 ден САН РЕМО-МИЛАНО

Заминување преку Ментон за Сан Ремо. Посета на  Познатото Италијанско градче по светскиот музички фестивал Сан Ремо. Заминување за Милано со можност во зависност од времето,  попатна посета на Портофино. Заминување за Милано. Сместување доцна вечерта во хотел во околината Милано.

9

9 ден МИЛАНО-БЕРГАМО - СКОПЈЕ

Појадок . Појадокот да заврши до 08.00 часот, краток панорамски разглед со автобус  на Милано

Продолжуваме кон аеродромот во Бергамо. Чекирање и лет за Скопје во 15.50 часот. Пристигнување во Скопје во 17.45 часот.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг