ИЗРАЕЛ НА ПРОЛЕТ

Термин: 10.04 – 17.04.2017

Цена на аранжманот за рана уплата 699 еур. 

Редовна цена на аранжманот 899 еур. 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Повратен авионски билет на релација Софија – Тел Авив – Софија
  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и обратно
  • 7 ноќевања вво хотели со 3* и 4* во Ерусалим (Витлеем) и Тибераис локална категоризација од кои 4 ноќевањаа во Витлеем и 2 ноќевања во Тибериас и Тел Авив на база полупансион (појадок и вечера)
  • Ситре трансфери според програмата
  • Посетите псо вклучени влезници према програмата
  • Стручен локален водич со сропскохрватски јазик
  • Организација и техничко водство

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси (119 еур./7.169 мкд – не се со фиксна вредност)
  • Жичари на 17 УСД
  • Возење на Галилејско море со вклучен ручек во рибен ресторан (факултативно)
  • Здолжителноп патничко осигурување, од 300 до 500 денари
  • Здолжителен бакшиш за водичите и возачите (50 усд. по лице)

НАПОМЕНИ:

  • При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.
  • Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.
  • Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.
  • Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма
  •  Уплата исклучиво во МКД  курс  1 ЕУР   =  62,00 МКД

Државата Израел (מדינת ישראל Мединат Јисраел на хебрејскиدولة إسرائيل Даулат Исраел на арапски) е блиско источна земја, сместена на источниот раб на Средоземното море. Израел е парламентарна демократска држава и единствена еврејска држава во светот. Со површина од 20.770км2 ( без окупираните делови )  има 7мил. жители според пописот од 2006г. Името потекнува од Јаков,покасно преименуван во Израел, еден од патриархите на еврејскиот народ од кој имал 12 синови,а од нив настанале 12 израелки племиња. Израелкото знаеме има корени од еврејската традиција. Белата позадина симболизира чистота. Средината е Давидовата звезда, која го симболизира сојузот помеѓу Господ и Евреите. Горниот триаголник на звездата го симболизира Господ како се наведнува према народот, а долниот триаголник ги симболизира Евреите кој ги пружаат рацете кон Господ. Плавите линии симболизираат Talit, Еврејскиот молитвен шал. Земја каде што се остварува сонот,ветена од Господа Аврам и неговите следбеници.Наследство во кое децата на Израел беа водени од Мојсие по егзодусот од Египет, соединети во моќна Хибру нација под водство на Давид и Соломон.Родното место на Исус Христос  и колевката на три големи монотеистички религии: христијанство,јудизам и муслиманство.Израел е познат низ историјата во целиот свет како првобитен извор на Библијата. Ерусалим – Златен Град, Вечен Град, Градот на Давид , Градот на Цион се само еден дел од имињата кои ги има овој древен град.Поетски имиња преку кои се представува древната историја стара 2000години, град кои некогаш бил сметан за центар на светот, град во кои се вели дека содржи девет од десетте мерила за убавина.Неговите храмови, археолошки ископини, цркви, џамии и синагоги, стари пазари, модерни хотели и ресторани се доказ за неговата долга историја- шареноликоста на народите и културите кои илјадници години живеат во овој вечен град, се уникатноста на Ерусалим.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - СОФИЈА - ТЕЛ АВИВ

Состанок на грпата пред хотелот Холидеј Ин во Скопје во 23:30 часот. Трансфер до аеродромот вво Софија. Пристигнување во Софија. Лет за Тел Авив во 6:30 часот По завршуавањето на сите пасошки и царински контроли нашиот партнер и водич ќе не пречекаат и однесат до нашиот хотел во Тибериас. Сместување. Вечера. Ноќевање.

2

02 ден ГАЛИЛЕЈА - ТАБОР - НАЗАРЕТ - КАНА

Појадок.Со нашиот водич и возач продолжуваме да чекориме по светата земја кон планината на Блажествата, до рушевините на Капернаум-град во кој Исус го направил својот нов дом по напуштањето на Назарет. Разгледување на остатоците од древната синагога во која можеби и прoповедал во куќата на Петар. Се упатуваме кон Галилејското Море , Пауза ФАКУЛТАТИВНО  мало крстарење со брод и ручек во традиционален рибен ресторан. По паузата се упатуваме кон Јарденит,место каде Св.Јован го извршил крштевањето и каде ќе имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан.Се возиме до Назарет во посета на црквата на Благовештението, синагогата,Црквата на Св.Јосиф за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија, црквата на Св. Гаврил бунарот на Дева Марија. Назарет градче каде сто Исус го има поминато поголемиот дел од своето детство,место каде Архангел Гаврил и соопштил на Марија дека ќе го роди Исус. Продолжуваме кон Кана Галилејска црквата на венчавките,потоа до Неин идетификуван како “Наин на Новиот Завет “, каде според библијата ( Евангелие по Лука 7:11-17) Исус воскреснал млад човек. Патуваме до Тибериас каде што се сместуваме во хотел.Вечера. Ноќевање.

3

03 ден ХАЛИФА - ЦЕСАРЕА

После појадокот го напуштаме хотелот и се збогуваме со Тибериас. Нашата обиколка по светата земја продолжува кон Хаифа на планината Кармел каде што ќе уживаме во панорамскиот поглед на Хаифа. Прошетка до кермеличанскиот манастир Стела Марис изградена над пештератаво која живеел Св.Илија. Посета на Цесареа – седиште на римскиот император Јудеа во времето на Криста , а место каде Петар ќе го претвори во сатник Корнелиус .Овој утврден пристанишен град е изграден пред 2000 година во времето на кралот Големиот Херод.Разглед на самиот археолошки локалитет од времето на риско,византиските и Круседар пат.Истражување на римскиот анфитеатар и посета на најголемиот аквадуктот во Светата земја.Пристигнуваме до крајот на нашето величенствено патување се враќаме повторно во Тел-Авив.  Разглед на Тел –Авив по главната улица средиште на бизнисот и забавата во Израел. Сместување во хотел Витлеем. Вечера. Ноќевање.

4

04 ден МРТВО МОРЕ

Појадок. Ќе имаме единствена можност да бидеме риби, а сепак да дишеме нормално ДА ќе бидеме на 400м. под морскта површина до Мртвото море ќе патуваме на самата река Јордан, пратејќи ја Израелско-Јорданската граница. Јудејската пустина единствено место со посебен природен феномен, неговите лековити својства и природните извори се познати со милениуми. Ке останете без здив од чистата атмосфера, воздух богат со минерали, вода богата со сулфр и лековита црна кал. Долж самото крајбрежје ќе посетиме две свети места Кумран – каде се најдени кумпанските записи и светото писмо и светото место на Евреите МАСАДА. Посета на познатата фабрика AHAVA.Слободно време за бањање во Мртвото море. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање во Витлеем.

5

05 ден ЕРУСАЛИМ

После појадокот ќе се искачиме до Маслиновата градина за еден  неверојатен панорамски поглед на Стариот град на Ерусалим вечниот Свет Град. Се спуштаме кон Гетсимаската градина каде што Исус ја поминал поминал последната ноќ пред да биде уапсен. Посета на прочуената црква на сите народи. Оче наш. Базиликата на агонијата оваа базилика е позната како базилика на сите народи, гробот на Мајката божја кој се наоѓа под земја, а на површината е само влезот. Спуштајќи се кон гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознело на небото. Пешачење до дрвата на Бетсада и црквата Св.Ана одличен пример на крстоносната архитектура. Продолжуваме по должината на Виа Делароса во црквата на светиот гроб. Прошетка низ шарената чаршија до Јафа Портата. Слободно време во Ерусалим.Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање во Витлеем.

6

06 ден ВИТЛЕЕМ

Појадок. Прво ќе ја посетиме црквата на светото рождество во Витлеем. Местото каде што е роден Исус Христус, ќе пешачиме до Milk Grotto каде што Марија го негувала Исус се додека цела Фамилија Holy Family не побегнала во Египет. Посета на музејот на холокаустот “ Yad Vashem”. Продолжуваме до етничкото село Еин Карем во сега во соседството на југозападниот дел на Ерусалим. Според христијанската традиција Јован Крстител бил роден во Еин Карем, што доведува до формирање на многу цркви и манастири.Посета на црквата на Јован Крстител. Планината Марија и посета на куполата на карпата и ел Акса џамијата. Посета на Западниот ѕид последен остаток од вториот Еврејски храм за време на Исус. Долго пешачење до “Последниот начин“ до планината Сион. Посета на собата каде што се одржала последната Вечера и гробот на кралот Давид на планината Сион. Посета на базиликата Успение и црквата на Петар Галиканту(Gallicantu). Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање во Витлеем.

7

07 ден ВИТЛЕЕМ - ЈАФА - ТЕЛ АВИВ

Појадок. Одјавување од хотелот во Витлеем продолжува  нашето патување до Јафа. Во минатото градот бил под влиание на Египет, Асирците и под римска власт. Римјаните го уништиле во 68 година, а под арапипска власт подпаѓа во 636 година. Во XII век било големо седиште на крстоносците за нивните операции  за освојување на Ерусалим. Кралството на Ерусалим добива важна улога како централно снабдување на пристаништето со стока од Европа, а од 1223 како тврдина. Од средината на тринаесетти век Мамелукеш кој ќе ја уништи крстоносната порта. Од 16-ти век Отоманска империја ја зголемува во поголема населба. Јафа во почетокот на 18-ти век се развива во урбан центар и покрај разновидните пиратски напади. Наполеон го има окупирано во 1799г. Населението после тоа е исцрпено иакатастрофалната чума значително го намалува бројот на населението. Јафа после британската власт стана членка на Израел. Продолжуваме кон Тел Авив разглед Рабин сквер, Неве Џедек, посета на фабрика за дијаманти Рамат Ган, слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

8

08 ден ТЕЛ АВИВ - СОФИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во 12:30 часот. Пристигнување на аеродромот, поминување на сите контроли и полетување за Софија во 15:30 часот. Слетување во 18 часот. Трансфер од аеродромот во Софија до Скопје. Пристигнување во Скопје после 22:00 часот.

Напомена: Oрганизаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени во распоредот на турата / програмата од самата состојба затекната на теренот.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг