Датум: 10.02.2018 – 13.02.2018 … 4 дена/3 ноќевања (авион)

Почувствувајте ја средновековната Венеција преку магијата на карневалот и баловите под маски. Вратете се во времето кога се било дозволено, освен едно – да се тргне маската и да се открие идентитетот.

10 Февруари 2018  СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 11:30 часот. Полетување за Венеција (Тревизо) во 13:20 и слетување во 15:05 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување.. Ноќевање.

11 Февруари 2018  ВЕНЕЦИЈА

Појадок. Факултативно, разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките… Каналот Гранде и Мостот Риалто во Венеција. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја понесете како сувенир. Следење на спектаклот “Орловиот лет” од камбанаријата на плоштадот Св. Марко. Слободно време за прошетки и уживање во карневалската атмосфера и избор на најубав костум за оваа година во периодот од 15:00 до 17:00 часот.  Ноќевање.

12 Февруари 2018   ВЕРОНА

Појадок. Факултативно полудневен излет и посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот… Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

13 Февруари 2018  ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Тревизо. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:15 часот.

Редовна цена на аранжманот 299 евра   (14.200 ден)

За уплата до 30 Декември  199 евра   (12.350 ден)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Венеција (Тревизо)-Скопје

– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55х40х25см)  10 кг

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

– Сместување во Хотел 3*** во Местре/Маргера или во Лидо Ди Јесоло на база 3 ноќевања со појадок

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 3.550 денари

– Доплата за чекиран багаж  според условите на ВИЗЕР

– Разглед на Венеција прошетка во Венеција 35 евра

– Посета на Верона 55 евра

– Туристичка такса 3 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)

– Патничко – здравствено осигурување 250 денари

 

НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари