НОВА ГОДИНА  КИПАР  со авион

Кипар е островска држава која се наоѓа во источниот дел на Средоземното Море, во близина на турскиот брег. Oстровот е крстосница помеѓу Европа, Азија и Африка, но се уште има многу остатоци од древните цивилизации – римски, византиски и венецијански. Главната економска активност на островот се туризмот, трговската морнарица, извозот на облека и фармацевтски производи, и бизнис услуги. Република Кипар е членка на Европската унија. Дали сте знаеле дека тоа е родното место на божицата на убавината, љубовта и страста – Афродита?

Програма:

29 Декември СКОПЈЕ – СОЛУН – КИПАР

Состанок на групата. Трансфер до аеродромот во Солун. Лет за Кипар попладне. Пристигнување на Кипар. Организиран трасфер од аеродром до одбраниот хотел. Сместување. Ноќевање.

 

30 Декември КИПАР

Појадок. Слободен ден и можност за факултативна посета на Никозија, главниот град на Кипар. Ноќевање.

 

31 Декември КИПАР

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност целодневен за факултативен излет, посета на Фамагуста и Карпаз според понудата. Вечерта задолжителна доплата за свечена вечера. Дочек и прослава на Новата Година.Ноќевање.

 

01 Јануари КИПАР

Појадок. Празнично слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

 

02 Јануари КИПАР – СОЛУН – СКОПЈЕ

Појадок. Одјава од хотелот. Организиран трансфер до аеродромот со попатна пауза и посета на  плажата Aphrodite’s Rock, митолошко верување местото на раѓање на Божицата на убавината и љубовта Афродита, Коуклиа, и друго. Лет за Солун навече (локално време). Пристигнување во Солун. Трансфер до Скопје.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за рана уплата до 10.11.2017 : 399 EUR /  24.749,00 денари

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ за уплата од 11.11.2017 499 EUR /  30.940,00 денари 

 

Факултативни посети:

НИКОЗИЈА – Никозија е главен град на островот Кипар и е дефинитивно место кое едноставно мора да го посетите. Патувањето ќе започне со посета на  претседателската палата и Атила – одделување на грчкиот и турскиот дел. Ќе имате можност да видите градби кои биле оштетени за време на војната. Разгледот продолжува до Ледра Palace – во граничниот премин меѓу северниот и јужниот дел на островот. Посета на музејот Mevleki Tekken, од отоманскиот период кој претставувал значаен социјален и културен центар. Посета на готска катедрала Свети Софија (Selimiye џамија и денес). Bedesten Lusignan палата, која се смета за една од најпознатите историски локалитети во Никозија. Факултативна цена:  40 € по лице

 

Фамагуста – Посета на една од најважните историски и културни атракции на островот, Фамагуста. Посета на Свети Варнава – археолошкиот музеј, каде што може да се видат знаменитости од 18 век. Во срцето на манастирот – Базалтна карпа, како остаток од некогашното село Енкоми (бронзена ера). Посета на Саламис – урнатините кои биле откриени од грчки и анадолиски племиња. Посета на катедралата на Свети Никола, која е изградена во 13 век и е една од најдобрите готски градби во Средоземното Море. Посета на градот Фамагуста, замокот Lala-пашината џамија Мустафа и затворот Намик Кемал.

 

Карпас – Посета на манастирот на Св Андреј, кој бил првиот човек кој повикал на свештенство и самиот Исус Христос. Посета на базиликата Свети Тројца, која била изградена во 6 век. Посета на двокилометарска долга песочна плажа во недопрена природата, националниот парк, омилен терен на Caretta Caretta – желки и зелени желки.

Факултативна цена: 65 € по лице

Афродита плажа – Според легендата, божицата на љубовта Афродита е родена во морето од пена на оваа плажа. Кристално чиста вода, единствен, едноставен мир и одмор. Во близина на плажата Афродита има старо – грчко археолошки локалитет кој Ви препорачуваме задолжително да го посетите. Факултативна цена € 35

 

 

Цената вклучува:

Авио билет Солун – Кипар – Солун

Трансфери според програмата

4 ноќевања на база полупансион

Лиценциран придружник на патувањето

Организација и реализација на патувањето

 

Цената не вклучува:

Задолжителна доплата за аеродромски такси – 50 €

Факултативни дополнителни трошоци по лице, не спомнати трошоци како и трошоци за јавен превоз.

Доплата за соба со поглед на море (10€/на ден)

Доплата за Свечена новогодишна вечера – 45 € (задолжително)

 

Забелешка: Агенцијата го задржува правото да го промени редоследот на вашето патување, маршутата во зависност од промените во распоредот на летовите, авиони и оперативен дел за посета на дестинациите .

 

За ова патување важат општите услови на патување .

За реализација на аранжманот потребен е минимум на пријавени 15 лица, за реализација на факултативните излети потребен е минимум на пријавени 15 лица. Доколку има пријавено помалку од предвидениот минимум во тој случај агенцијата има право да направи корекција на наведените цени со тоа што на пријавените патници навремено ке им биде соопштено и ке бидат известени навремено.

 

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг