ЛИСАБОН – БАРСЕЛОНА

Термин: 22.05-26.05/12.06-16.06.2017/25.09-29.09/23.10-27.10.2017

Цена на аранжманот за рана уплата: 399 еур.

Редовна цена на аранжманот: 499 еур.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Повратен аиво билет на релација Скопје – Барселона – Лисабон – Барселона – Скопје
  • Трансфер од аеродромот во Барселона до хотелот
  • Трансфер од аеродромот во Лисабон до хотелот
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Лисабон
  • 1 ноќевање со појадок во Хотел 4* во Барселона
  • Професионална организација на аранжманот со придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 6.900 денари
  • Факултативно разглед на Барселона – 30 еур.
  • Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш, Есторил) – 65 еур.
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карта за локален превоз (метро, транвај, автобус, такси)
  • Доплата за еднокреветна соба изнесува – 210 еур.
  • Патничко – здравствено осигурување задолжително

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум 15 патници
  • За уплата на аранжманот во период на рана уплата се уплаќа целиот износ според понудата
  • По завршувањето на датумот предвиден за рана уплата, се плаќа според редовната цена
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на ОРФЕЈ ТРАВЕЛ – СКОПЈЕ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патаувањето

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА - ЛИСАБОН

Состанок со гурпуата на скопскиот аеродром во 05:00 часот. Полетување за Барселона во 06:05 часот. Директен лет за Барселона. Пристигнување во Барселона во 08:45 часот. Лет за Лисабон. Пристигнување во Лисабон. Разгкед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позицијаа на крајбрежјето на Ервропскиот Антартик: плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квартот Алфема. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продокжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Можност за посета на продавниците во еден од најголемите шопинг центри во Европа, Freeport Outlet, Designer Mall. Попладневна прошетка по елегантната Авенија на Слободата до Плоштадите Росарио и Рестаурадес. Ноќевање.

2

02 ден ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА

Појадок. Препорачуваме полудневен факултативен излет во околината на Лисабон, прошетка до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашната летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо де Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашното рибарско село, а денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монданско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во Лисабон во попладневните часови. Ноќевање.

3

03 ден ЛИСАБОН

Појадок. Прошетка до паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба ЕХРО. Местото е полно со атракци, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичара со панорамски поглед кон најголемиот мост во Европа “Васко де Гама”, со должина од 17 километри. Ноќевање.

4

04 ден ЛИСАБОН - БАРСЕЛОНА

Појадок. Организиран трансфер од хотел до Аеродром. Лет за Барселона. Пристигнување во Барселона, разглед на градот, прошетка низ најпозната улица во Барселона – вибрантната и секогаш возбудлива Рамбла (Las Rambles), булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот градски плоштад, точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо – местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село… Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштите на УНЕСКО. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Garcia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo… Ноќевање.

5

05 ден БАРСЕЛОНА - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер од хотел до Аеродром. Лет од Барселона за Скопје во 09:20 часот. Пристигнување во Скопје во 12:05 на пладне.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг