За уплата до 15 АВГУСТ

РАНА УПЛАТА Термин 09-13 Октомври  цената е 399 евра (4 нокевања)

Редовна цена на аранжманот  499 евра

НАПОМЕНА: ЗА УПЛАТА ПО ЦЕНА ЗА РАН БУКИНГ УПЛАТА СЕ ВРШИ ВО ЦЕЛОСТ

                        ЗА УПЛАТА ПО РЕДОВНА ЦЕНА СЕ УПЛАКА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА 50 % А

                        ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА 15 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕ

 

1 ДЕН :  СКОПЈЕ – БАРЦЕЛОНА – ЛИСАБОН                              

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 05:00 часот. Полетување за Барселона во 06:05 часот. Директен лет за Барселона. Пристигнување во Барселона во 08:45 часот. Лет за Лисабон. Пристигнување во Лисабон.

Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Можност за посета на продавниците во еден од најголемите шопинг центри во Европа, Freeport Outlet Designer Mall. Попладневна прошетка по елегантната Авенија на Слободата до Плоштадите Росио и Рестаурадорес Ноќевање.

2 ДЕН :   ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА     

Појадок. Препорачуваме полудневен факултативен излет во околината на Лисабон, прошетка до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во Лисабон во попладневните часови. Нокевање.

3 ДЕН :   ЛИСАБОН 

Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри.   Нокевање.

4 ДЕН :   ЛИСАБОН  БАРЦЕЛОНА

Појадок. Организиран трансфер од хотел до Аеродром. Лет за Барцелона.  Пристигнување во Барцелона. разглед на градот ,прошетка низ најпознатата улица во Барселона – вибрантната и секогаш возбудлива Рамбла (Las Ramblas),  булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село…. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското култирно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo.. Ноќевање.

5 ДЕН :   БАРЦЕЛОНА – СКОПЈЕ       

Појадок. Организиран трансфер од хотел до Аеродром. Лет од Барцелона за Скопје во 09.20 часот. Пристигнување во Скопје во 12,05 на пладне.

Цената вклучува:                                                               

  • Повратен авионски превоз на релацијата Скопје-Барцелона-Лисабон-Барцелона- Скопје
  • Трансфер од – до аеродромот Барцелона до хотелот
  • Трансфер од – до аеродромот во Лисабон до хотелот во Лисабон
  • 3 или 4 ноќевања со појадок во зависност од терминот во Хотел 3 ИЛИ 4* во Лисабон
  • 1 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Барцелона
  • Вклучен е само рачен багаж 1 парче со димензии 42х32х25
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Цената не вклучува:

  • Аеродромски такси 6.900 денари
  • Факултативно разглед на Барцелона ……….. 25,00 ЕУР пеш, метро и водич / со автобус 35 евра
  • Разглед на Лисабон……………. 30,00 ЕУР пеш и водич
  • Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) … 65,00 ЕУР
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз (метро, транвај, автобус, такси)
  • Доплата за еднокреветна соба изнесува………….. 210,00 ЕУР
  • Патничко-здравствено осигурување задолжително.
  • Туристичка такса не е вклучена ја плака секој лично на рецепција на хотелот која изнесува
  • Од 1,00 ЕУР по лице на ден до 1.50 еур по лице на ден во зависност од хотелот
  • Багажот не е вклучено во цената се доплаќа според условите на ВИЗЕР и другите компании

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 патници
  • За уплатана аранжманот во период на рана уплата се уплака целиот износ според понудата

По завршување на датумот предвиден за рана уплата , се плака според редовната цена.

  • За овој аранжман важат општите услови за патување на ОРФЕЈ ТРАВЕЛ СКОПЈЕ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност

по курс 1 евро = 62 денари

  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг