БАРСЕЛОНА – ЛИСАБОН

 Термин: 03 – 10.04.2017

Цена на аранжманот за уплата – 499 еур.

Редовна цена на аранжманот – 699 еур.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Повратен авионски превоз на релација Скопје – Барселона – Лисабон – Барселона – Скопје
  • Транфери од аеродромот во Барселона до Хотелот и обратно
  • Трансфери од аеродромот во Лисабон до Хотелот и обратно
  • 4 ноќевања со појадок во Хотел 4* во Лисабон
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел 3* во Барселона
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси – 9.300 денари
  • Факултативен разглед на Барселона – 30 еур. / Разглед на Лисабон 30 еур.
  • Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш, Естроил) – 65 еур.
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Карти за локален превоз (метро, транвај, автобус, такси)
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба – 210 еур.

НАПОМЕНИ: 

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 20 патници
  • За уплата на аранжманот за рана уплата се уплаќа целиот износ според понудата. По завшувањето на датумот за рана уплата, се плаќа според редовната цена.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на ОРФЕЈ ТРАВЕЛ – Скопје
  • Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денари по курс од 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршување на патувањето

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 17:00 часот. Полетување за Барселона во 18:20 часот. Директен лет за Барселона. Пристигнување во Барселона во 21:10 часот. По завршување на пасошките и царинските формалности, организиран трансфер до хотел. Ноќевање.

2

02 ден БАРСЕЛОНА

Појадок. Предлагаме,Факултативен  разглед на градот ,прошетка низ најпознатата улица во Барселона – вибрантната и секогаш возбудлива Рамбла (Las Ramblas),  булеварот Дијагонал главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија- централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо- местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност и неговите прекрасни Магични фонтани, плажата Барселонета, Шпанското село…. Слободно попладне за индивидуални активности, или прошетка (со метро) до паркот “Гауди”. Ремек делото на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатливо по својата уникатност, денес е дел од листата на светското култирно наслетство под заштита на UNESCO. На враќање, прошетката продолжува по авенијата De Gracia со познатите гаудиеви згради: Casa Mila и Casa Batllo.. Ноќевање.

3

03 ден БАРСЕЛОНА

Појадок. Предлагаме индивидуална прошетка низ Барселона или Факултативен излет Монсерат. Се враќаме попладне и вечерта предлагаме факултативна посета на национален ресторан со Фламинго шоу. Ноќевање.

4

04 ден БАРСЕЛОНА - ЛИСАБОН

Појадок. Трансфер до аеродромот во Барселона. Лет за Лисабон и пристигнување. Траснфер до хотелот и сместување. Разглед на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Разгледот продолжува до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Можност за посета на продавниците во еден од најголемите шопинг центри во Европа, Freeport Outlet Designer Mall. Попладневна прошетка по елегантната Авенија на Слободата до Плоштадите Росио и Рестаурадорес . Ноќевање.

5

05 ден ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА

Појадок. Препорачуваме полудневен факултативен излет во околината на Лисабон, прошетка до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Враќање во Лисабон во попладневните часови. Вечерта. Ноќевање.

6

06 и 7 ден ЛИСАБОН

Појадок. Прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резеденцијален кварт, каде се одржува светската изложба ЕХРО. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близината се наоѓа и прочуениот Океаниум, втор по големина во светот со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Предлагаме возење со жичара и панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа “Васко де Гама”, со должина од 17 километри. Ноќевање.

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг