ПОСЕТЕТЕ ЈА МАЛТА  на Есен

Термини: / 22-25 СЕптември  /  13-16 Октомври /

1 ден          СКОПЈЕ  – МАЛТА

Состанок на аеродромот во Скопје. Лет од Скопје за Малта 06,10 часот. Слетување на аеродром во Малта во 07:55 часот (локално време). Факултативно ,Пешачки разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините“Barracca”од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета можност за факултативна екскурзија до Мдина центарот на островот посетувајќи ја црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Посета на Мдина, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град). Прошетка низ тесните поплочени улички и најважните места во градот. Разглед на малото место Атард, познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата. Поаѓање за Св.Луис најголемото туристичко место на Малта.Сместување во хотел.Слободно време.Ноќевање.

2 ден     ГОЗО

Појадок. Можност зафакултативна целодневна посета на Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден   ТРИТЕ ГРАДА

Појадок. Можност за факултативна посета на трите града Senglea – IslaVitoriossa – BirguConspicouaBormla, најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење намалтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L’Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден      МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродром во 06.00 часот. Полетување за Скопје во 08:25 часот. Слетување во Скопје во 10:10 часот (по локално време).Трансфер до Скопје.

 

ХОТЕЛ  ВО   / Слиема  или St. Julian’s  // 3*, НП
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ СО ПОПУСТ……. 299 €  ( 18.540,00) за уплата до 20 Август  2017

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 399 ЕУР

НАПОМЕНА: ЗА УПЛАТА ПО ЦЕНА ЗА РАН БУКИНГ УПЛАТА СЕ ВРШИ ВО ЦЕЛОСТ

                        ЗА УПЛАТА ПО РЕДОВНА ЦЕНА СЕ УПЛАКА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА 50 % А

                        ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА 15 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕ

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir

– Рачен багаж со димензии 42 х 32 х 25 цм  до 10 кг

– Трансфер Скопје – Софија – Скопје

– Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.

– Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок

– Организиран разглед по програмата на Валета

– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси по лице се 3.300 денари

– Факултативна посета на Мдина (МОСТА – ТА’АЛИ – ГРАДИНИТЕ на СВ.АНТОН)

– Факултативна посета на Гозо

– Факултативна посета на Трите Града

– Туристичка такса во хотел

– Влезници за културно историските музеи

– Патничко осигурување

– Сите неспоменати трошоци

– Багажот се доплаќа според условите на ВИЗЕР

НАПОМЕНИ:

* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки

* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници

* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција

напомени за патување:

– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

– За овој програм важат Опшите Услови на патување

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

*Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето

НАПОМЕНА :  ЦЕНАТА СО ПОПУСТ ВАЖИ ИСКЛУЧИВО ЗА УПЛАТА ДО 15/08/2017  ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг