Москва и Санкт Петербург – На ЕСЕН

МОСКВА И САНКТ ПЕТЕРБУРГ :  ТЕРМИНИ: :  // 08-14.09 .2017  //  21 – 27.10.2017

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

  1. ден СкопјеБелград –Москва,    08,09,2017
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03,00 часот. Лет за Белград во 04,25 часот. Пристигнување вои белград во 05,35 часот. Лет за Москва во 06,30 часот. Пристигнување во Москва во 10,15 часот. Трансфер до хотелот. Сместување. Попладне Панорамско разгледување на градот со автобус – центарот на градот, Црвениот плоштад, Црквата на Васил, Бољшој театарот,Храмот на Исус Христос,Новодевичанскиот манастир,Видиковецот Врапчеви брда и Универзитетот “Ломоносов”,Паркот на победата и други(без влез во објектите) . Ноќевање.
    2. ден  Москва,
    Појадок. Факултативна екскурзија: Кремељ, најстариот дел и историски центар на Москва. Разглед на територијата, Успенска и Архангелка црква, Цар Звоно, Цар топ и Оружена палата, ризница на царска Русија..Ноќевање.
    3. ден  Москва,        

Појадок.Факултативна програма: Посета на Сергиевиот Посад (бивши Загорск, 70 km од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, центар на христијанството во Русија,рана резиденција на руската патријархија. Разглед на Троица Сергијева Лавре, бисер на старата уметност и архитектура. Слободно време. Ноќевање.

  1. ден . Москва-Санкт Петербург,              
    Појадок. Факултативна програма: Посета на музејот Панорама на Бородинската битка-посветена на војната со Наполеон 1812г. Главен експонат на музејот е панорамата-огромно насликано платно со димензии 115x15m, кое виси во затворен круг и претставува еден од најтешките моменти на битката на Бородинското поле. Трансфер до железничката станица во Москва. Превоз до Ст. Петерсбург со воз. ( се патува околу 4 часа). Пристинување во Ст. Петерсбург. Трансфер од железничката во Ст. Петерсбург

Трансфер до хотел.Сместување. Слободно време. Ноќевање. 

  1. ден Санкт Петербург,                  
    Појадок.Панорамско разгледување на градот со автобус: Невски проспект, Казински Сабор, Дворски плоштад, Адмиралитет, Василевски остров, Ермитаж, Исакијевска соборна црква,Бронзениот коњаник, крстосувачот “Аврора”,Смољни (без влез во објектите). Факултативна програма: Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петропавловската соборна црква во која се погребани сите руски императори. Слободно време. Ноќевањe.

Факултативна програма: Ермитаж, разглед на еден од најголемите музеи во светот, со преку 3 милиони експонати,со ремек дела на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Пикасо…Возење по каналите на Нева(доколку времето е поволно), специфичен поглед и запознавање со архитектурата на градот.Слободно време. Ноќевање.

6. ден Санкт Петербург,      
Појадок.Факултативна програма: Излет во Пушкин-Царско Село –летна резиденција на Екатерина Велика, дворец и прекрасниот парк со површина од 34 km2. Ентериерот на дворецот фасцинира со сјајот на уметничките предмети од полудраги камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на Санкт Петербург завршено е обновувањето на Килибарските дворци, кои го вратиле стариот сјај на дворецот на Екатерина. Излет во Петерхоф – Руски Версај,летна царска резиденција на Петар Велики. Разглед на Горниот и Долниот парк со познатите фонтани со 250позлатени скулптури. Разгледот опфаќа прошетка низ парковите, со величествен поглед на Финскиот Залив, Кронштат и Санкт Петербург. Ноќевање.

  1. 7. ден Санкт Петербург
    Појадок. Слободно време.Трансфер до аеродром. Лет за Белград во 11,05 часот. Пристигнување во Белград во 12,55 часот. Лет доцна вечерта за Скопје во 00,25 часот. Пристигнување на 15.09,2019 во Скопје во 01,40 часот.
    Цена на аранжманот ЗА РАН БУКИНГ ЗА УПЛАТА До 15.08.2017 :  599 /37.138 мкд

ЗА уплата после 16 Август до 30 Август  цената е 699 ЕУР

ОД 01.09.2017  важи редовната цена на аранжманот од 799 еур / 49.538,00

НАПОМЕНА: ЗА УПЛАТА ПО ЦЕНА ЗА РАН БУКИНГ УПЛАТА СЕ ВРШИ ВО ЦЕЛОСТ

                        ЗА УПЛАТА ПО РЕДОВНА ЦЕНА СЕ УПЛАКА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА 50 % А

                        ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА 15 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕ

 

*Цена за деца од 2 до 14 год со двајца возрасни (дополнително легло) 515 €
*Доплата за еднокреветна соба 175 €
*Трето возрасно лице цената останува иста како за сместување во двокреветна соба, а сместувањето е во:

– во Москва, во Хотел Best Western Vega 4* или сличен а

– во Ст.Петербург, во хотел Park Inn Pulkovskaja 4* или сличен

Цената вклучува: 
• Авионски превоз на наведената релација според програмата  летовите се директни.

  • Сместување во Москва во хотел во двокреветна соба со појадок / 3 НП
    • Сместување во Санкт Петербург во хотел во двокреветна соба со појадок / 3 НП
    • Трансфери спрема програмата; и картата за воз Москва – Ст. Петерсбург
  • Туристичка програма:панорамско разгледување на Москва и Ст.Петербург;
    • Услуги на водич на групта и стручен локален водич; трошоци на организацијата на патувањето.Цената не вклучува:
    Аеродромски такси (околу 158 €, подложени се на промени);
    • Факултативни програми
    • Индивидуални трошоци
    • Патничко осигурување

 

Опис на хотелите
Москва, Hotel Best Western Vega 4*: www.hotel-vega.ru 
Хотелот е во склоп на некогашниот комплекс на хотели Измаилово, денес во склоп на ланецот хотели. Метро станицата е на 70-80m од хотелот, возење до саемот трае 30мин и има едно прекачување. Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат голем број на ресторани, трговски центар, како и голем пазар со сувенири. Возењето со метро до Црвениот Плоштад трае 15мин (со пешачење околу 25мин). Појадокот е на база шведска маса.

Санкт Петербург, Hotel Moskva 4* www.hotel-moscow.ru
Хотелот се наоѓа во центарот на градот, на крајот од Невскиот проспект, на брегот на реката Нева. Влезот во метро станицата се наоѓа во зградата на хотелот, што овозможува да без многу напор да се стигне до главните знаменитости на градот. Во состав на хотелот се наоѓаат и неколку ресторани-пивски ресторан, ресторан со грузијска кујна, бар Панорама со поглед на историскиот центар на градот и Нева. Во холот на хотелот се наоѓа и касата на театорот, што овозможува да се купат влезници за концерти и за театарските претстави. Хотелот има 825соби, кои се опремени со тв, телефон, фрижидер, сеф, Wi Fi интернет. Појадокот е на база на шведска маса.

Sankt Peterburg, Htl Park Inn Pulkovskaja 4* www.parkinn.ru/hotelpulkovskaya-stpetersburg
Се наоѓа на московскиот проспект, и има одлична врска со центарот. Во непосредна близина е метро станицата, што дава можност без многу напор да се стигне до главните знаменитости на градот. На гостите од хотелот достапна им е и услугата бесплатен превоз до центарот на градот и обратно. Хотелот има 840 соби, кои се просторни, климатизирано, опремени со ТВ (сателитска програма), телефон, фрижидер, и Wi Fi интернет со доплата. Во содржината на хотелот се: ресторани: пивен со сопствена мини пивара од познатата марка Paulaner и жива музика секоја вечер; јапонски ресторан со голем избор на специјалитети.  Опремен фитнесс центар со базен, сауни и масажни третмани. Појадокот е на шведска маса.

Факултативни програми:

Москва
• Московско метро 10 EUR
• Кремљ (територија и 2соборни цркви),Оружена палата 55 EUR *
• Сергиев Посед (бивши Загорск) 40 EUR
• Панорама на Бородинските Битки 25 EUR

Ст.Петербург
• Петропавловската Тврдина 25 EUR
• Ермитаж 35 EUR
• Возење по каналите на Нева 25 EUR
• Пушкин (Царско Село ) 45 EUR *
• Петергоф, Горен и Долен Парк 45 EUR

Во сите цени е вклучено: водич, автобус, влезници

*Пријавувањето и плаќањето за факултативите во Пушкин и Кремљ и Оружаната Палата е задолжително при резервација на аранжманот-не е можно да се плати на лице место!
За пријавени патници под 15, факултативните програмити ќе се реазлизираат со јавен превоз-метро.

Напомена
Во случај на измена на девизниот курс, агенцијата го задржува правото на корекција на цените.
Пред секое патување, Ве молиме да ги прочитате Општите услови за патување

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг