МОСКВА И САНКТ ПЕТЕРБУРГ

ЦЕНА СО ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА: 599 еур.

РЕДОВНА ЦЕНА: 799 еур. 

Термини:  31.05 – 07.06.2017 /

08.09 – 15.09.2017   /   21.10 – 28.10.2017

  • Цените се по лице во двокреветна соба
  • Цена за деца од 2 до 14 год. со двајца возрасни (дополнително легло) 515 еур. и 715 еур. по редовна цена
  • Доплата за еднокреветна соба 115 еур.
  • За трето возрасно лице цената е иста како за сместување во двокреветна соба
  • Сместувањето е во Хотел Best Western Vega 4* или сличен хотел во ист ранг
  • Во Ст. Петерзбург, во Хотел Park Inn Pulkovskaja 4* или сличен хотел во ист ранг

Цената вклучува:

  • Авионски превоз на наведената релација според програмата
  • Сместување во Москва во Хотел во двокреветна соба со појадок
  • Сместување во Санкт Петерзбург во Хотел во двокреветна соба со појадок
  • Трансфери според програмата и картата за воз Москва – Ст. Петерзбург
  • Туристичка програма: панорамско разгледување на Москва и Ст. Петерзбург
  • Услуги на водич на групата и стручен локален водич, трошоци за организација на патувањето

Цената не вклучува:

  • Аеродромски такси (околу 158 еур. и подложни се на промени
  • Факултативни програми
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување

Опис на хотелите:

Москва, Hotel Best Western Vega 4*: www.hotel-vega.ru 
Хотелот е во склоп на некогашниот комплекс на хотели Измаилово, денес во склоп на ланецот хотели. Метро станицата е на 70-80m од хотелот, возење до саемот трае 30мин и има едно прекачување. Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат голем број на ресторани, трговски центар, како и голем пазар со сувенири. Возењето со метро до Црвениот Плоштад трае 15мин (со пешачење околу 25мин). Појадокот е на база шведска маса.

Санкт Петербург, Hotel Moskva 4* www.hotel-moscow.ru

Хотелот се наоѓа во центарот на градот, на крајот од Невскиот проспект, на брегот на реката Нева. Влезот во метро станицата се наоѓа во зградата на хотелот, што овозможува да без многу напор да се стигне до главните знаменитости на градот. Во состав на хотелот се наоѓаат и неколку ресторани-пивски ресторан, ресторан со грузијска кујна, бар Панорама со поглед на историскиот центар на градот и Нева. Во холот на хотелот се наоѓа и касата на театорот, што овозможува да се купат влезници за концерти и за театарските претстави. Хотелот има 825соби, кои се опремени со тв, телефон, фрижидер, сеф, Wi Fi интернет. Појадокот е на база на шведска маса.

Sankt Peterburg, Htl Park Inn Pulkovskaja 4* www.parkinn.ru/hotelpulkovskaya-stpetersburg
Се наоѓа на московскиот проспект, и има одлична врска со центарот. Во непосредна близина е метро станицата, што дава можност без многу напор да се стигне до главните знаменитости на градот. На гостите од хотелот достапна им е и услугата бесплатен превоз до центарот на градот и обратно. Хотелот има 840 соби, кои се просторни, климатизирано, опремени со ТВ (сателитска програма), телефон, фрижидер, и Wi Fi интернет со доплата. Во содржината на хотелот се: ресторани: пивен со сопствена мини пивара од познатата марка Paulaner и жива музика секоја вечер; јапонски ресторан со голем избор на специјалитети.  Опремен фитнесс центар со базен, сауни и масажни третмани. Појадокот е на шведска маса.

Факултативни програми:

Москва
• Московско метро 10 EUR
• Кремљ (територија и 2соборни цркви),Оружена палата 55 EUR *
• Сергиев Посед (бивши Загорск) 40 EUR
• Панорама на Бородинските Битки 25 EUR

Ст.Петербург
• Петропавловската Тврдина 25 EUR
• Ермитаж 35 EUR
• Возење по каналите на Нева 25 EUR
• Пушкин (Царско Село ) 45 EUR *
• Петергоф, Горен и Долен Парк 45 EUR

Во сите цени е вклучено: водич, автобус, влезници

*Пријавувањето и плаќањето за факултативите во Пушкин и Кремљ и Оружаната Палата е задолжително при резервација на аранжманот-не е можно да се плати на лице место!
За пријавени патници под 15, факултативните програмити ќе се реазлизираат со јавен превоз-метро.

Напомена
Во случај на измена на девизниот курс, агенцијата го задржува правото на корекција на цените.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1

01 ден СКОПЈЕ - МОСКВА

Трансфер до аеродромот во Солун. Лет за Москва. Пристигнување на аеродромот во Москва, трансфер до хотелот. Сместување. Вечерен разглед на Московското метро (факултативно) со придружба на водич. Ноќевање.

2

02 ден МОСКВА

Појадок. Панорамско разгледување на градот со автобус – центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремељ, Црквата на Васил, Бољшој театарот, Храмот на Исус Христос, Новодевичанскиот манастир, Видиковецот Врапчеви брда и Универзитетот ”Ломоносов”, Паркот на победата и други (без влез во објектите). Факултативна екскурзија: Кремељ, најстариот дел и историски центар на Москва. Разглед на територијата, Успенска и Архангелска црква, Цар Звоно, Цар Топ и Оружена палата, ризница на царска Русија. Ноќевање.

3

03 ден МОСКВА

Појадок.Факултативна програма: Посета на Сергиевиот Посад (бивши Загорск, 70 km од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, центар на христијанството во Русија,рана резиденција на руската патријархија. Разглед на Троица Сергијева Лавре, бисер на старата уметност и архитектура. Слободно време. Ноќевање.

4

04 МОСКВА - САНТ ПЕТЕРЗБУРГ

Појадок. Факултативна програма: Посета на музејот Панорама на Бородинската битка-посветена на војната со Наполеон 1812г. Главен експонат на музејот е панорамата-огромно насликано платно со димензии 115x15m, кое виси во затворен круг и претставува еден од најтешките моменти на битката на Бородинското поле. Трансфер до железничката станица во Москва. Превоз до Ст. Петерсбург со воз. ( се патува околу 4 часа). Пристинување во Ст. Петерсбург. Трансфер од железничката во Ст. Петерсбург, трансфер до хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

5

05 ден САНТ ПЕТЕРЗБУРГ

Појадок.Панорамско разгледување на градот со автобус: Невски проспект, Казински Сабор, Дворски плоштад, Адмиралитет, Василевски остров, Ермитаж, Исакијевска соборна црква,Бронзениот коњаник, крстосувачот “Аврора”,Смољни (без влез во објектите). Факултативна програма: Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петропавловската соборна црква во која се погребани сите руски императори. Слободно време. Ноќевањe.

6

06 ден САНТ ПЕТЕРЗБУРГ

Појадок.Факултативна програма: Ермитаж, разглед на еден од најголемите музеи во светот, со преку 3 милиони експонати,со ремек дела на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Пикасо…Возење по каналите на Нева(доколку времето е поволно), специфичен поглед и запознавање со архитектурата на градот.Слободно време. Ноќевање.

7

07 ден САНТ ПЕТЕРЗБУРГ

Појадок.Факултативна програма: Излет во Пушкин-Царско Село –летна резиденција на Екатерина Велика, дворец и прекрасниот парк со површина од 34 km2. Ентериерот на дворецот фасцинира со сјајот на уметничките предмети од полудраги камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на Санкт Петербург завршено е обновувањето на Килибарските дворци, кои го вратиле стариот сјај на дворецот на Екатерина. Излет во Петерхоф – Руски Версај,летна царска резиденција на Петар Велики. Разглед на Горниот и Долниот парк со познатите фонтани со 250позлатени скулптури. Разгледот опфаќа прошетка низ парковите, со величествен поглед на Финскиот Залив, Кронштат и Санкт Петербург. Ноќевање.

8

08 ден САНТ ПЕТЕРЗБУРГ

Појадок. Слободно време.Трансфер до аеродром. Лет за Солун. Пристигнување во Солун. Трансфер од аеродромот во Солун до Скопје.

Мислења за понудата

5 од 2 оцени
5 од 5
31/01/2017

top!

5 од 5
12/03/2017

Exra!

Остави мислење

Рејтинг