7 дена / 5 ноќевања и  9 дена / 7 ноќевања

28.12.2017-02.01.2018

“Њујорк, Њујорк”, инспирација, еден фасцинантен шарм, големи светла, “бетонска  џунгла”, каде што се остваруваат  соништата, кокетен, бескрајно привлечен, од своето основање до денес. Овде е се она што пред посетата на Њу Јорк сме можеле да го видиме на телевизија и филмови со кои сите сме пораснати, облакодерите во Менхетен, заводливите излози на Tyffany & Co., жолтите такси возила, Централ Парк во која многу уметници нашле инспирација. Држава, град, остров, Големото јаболко, посебен од сите, изолиран,  самоуверен, достоинствено стои на своето место и со раширени раце не поканува сите нас да напишеме нова книга, композиција, песна, да видиме нови бои, да почувствуваме нови мириси, да видиме нови лица во милионски број, да ја осетиме релаксираноста во атмосферата која не носи со секој чекор по мекиот бетон или едноставно да го потполниме нашиот фото албум со светски знаменитости, скапоцени моменти.

Дата По лице во двокреветна соба Пријавување до :
Промотивна цена :

5 нокевања и враќање на 03/01/2018

1190 10.11.2017
Редовна Цена : 1299
Промотивна цена : 7 нокевања и враќање на 05/01/2018 1280€ 10.11.2017
` Редовна Цена : 1299

Програма:

1 ден(28.12.2017): СКОПЈЕ – ЊУЈОРК

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики – Скопје. Полетување  од Скопје е во 04:20  преку Белград  и слетување на аеродромот Ј.Ф. Кенеди во Њујорк во 11.30 часот по локално време. Организиран трансфер до хотел и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање

 2 ден(29.12.2017):: ЊУЈОРК

Слободно време за појадок. Панорамски разглед на Њујорк со организиран превоз и водич ( 4 часа) Среден (Lincoln  Centar , Fifth Avenue , Time SquareEmpire State Building…)и

Долен Менхетан:(Greenwich village, Soho, Chine town , little Italy , Финансискиот кварт или познатата Wall Street  …).Слободно време за индивидуални прошетни и ручек. Факултативна екскурзија .      

3 ден(30.12.2017): ЊУЈОРК

Слободно време за појадок. Можност за организирање крстарење околу Менхетан во време траење од 2,5 – 3 часа, каде што ќе имате можност за незаборавно откривање на Њујорк. После крстарењето, можност за посета  на Кипот на слободата. Доживејте ја незаборавната панорамска глетка  на Њујорк, со единствена можност за запознавање на крајбрежниот дел на Менхетан, три реки, седум големи  мостови и над 25 светски познати места. Враќање во хотел.Ноќевање.

4 ден(31.12.2017): ЊУЈОРК

Слободно време за појадок. Можност за факултативна посета на некој од познатите музеи како што се Музејот Метрополитен, Музејот Гегенхајм, Национниот Историски Музеј или МОМО. ( во  еден ден можат да се посетат најмногу 2 музеи).Пречек на Нова Година2018 на Тајмс Сквер со  блескави светла, музика во живо, балони, конфети, огномети  и кристална топка што паѓа на полноќ.(Оваа опција за пречек  е бесплатна)

5 ден(01.01.2018): ЊУЈОРК

Слободно време за појадок и индивидуални прошетки низ Њујорк. Можност за факултативна посета на една од Бродвејските претстави: Мама Миа, Лион Кинг, Чикаго, …Враќање во хотел. Ноќевање.

 6 ден(02.01.2018): ЊУЈОРК

Слободно време за појадок, индивидуални прошетки. Организиран трансфер до аеродромот Џ.Ф.Кенеди. Полетување од Њујорк во 14.40 часот.

 7 ден: СКОПЈЕ  (03.01.2018):

Слетување во Скопје наредниот ден во 14.45 часот .

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Повратен авиобилет на релација Скопје– Њујорк –Скопје
  • Сместување во хотел со 2* во околината на Менхетан
  • Четири часовен  панорамски разглед на Њујорк со водич
  • Туристички продружник за време на целото патување во Њу Јорк  ( македонски јазик)

Организација и водство од страна на агенцијата во Њујорк

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 286€
  • Америчка виза 160$
  • Факултативни посети наведени во програмата
  • Лични трошоци
  • Бакшиш за локалните водичи и возачи
  • Патничко осигурување
  • Осигурување од отказ на патувањето

 

Факултативни излети (цените се информативни и променливи до датумот на патување)

  • Крстарење околу Менхетан – 50€
  • Влезница за посета на Емпаер Стејт Билдинг 86 спрат – 50€
  • Влезница за посета на Музејот Метрополитен – 29€
  • Влезница за посета на Музејот Гугенхајм – 29€
  • Влезница за МОМА – 29€
  • Влезница за Националниот историски музеј – 35€
  • Шопинг тура до трговскиот центар Мол Вудбури Комонс ( јавен превоз + водич) – 60€
  • Класична тура од 15мин со Хелихоптер -258€(се резервира во агенција )

 

Напомена: Патниците мора да имаат пасош со валидност над 6 месеци од терминот на патување

ВИЗА: Сите информации во врска со потребната документација за виза, можете да ги добиете во канцелариите на ТА Орфеј Глобал Травел. Агенцијата посредува при закажување на термин и пополнување на онлајн формуларите. Документацијата и барањето за виза се поднесуваат ЛИЧНО. Ги замолуваме патниците внимателно да ја прочитаат програмата за патување, информациите и општите услови за патување.

Во случај на недоволен број ан пријавени патници, организиторот го задржува правото за отказ  на патувањето и е должен за известување на патниците најдоцна 5 дена пред патувањето и во зависност од расположливост со места да им биде понудено алтернативно патувањето

Организаторот има право за измена на програмата и времето на поажање со  претходно известување на патниците

надоместокот за аеродромски такси се предмет на промена и конечниот изност за надоместокот  за аердоромски такси е потврдено на денот на издавањето на авиобилетите.

За резревација е потребно валиден пасош и авансна уплата од  минимум 50% од вкупниот износ

Конечно известување за патување патниците ќе добијат 3-5 дена пред патувањето.

*** Минимален број  на патници : 10***

 

ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА ВО PLANET HOLLYWOOD од 249 УСД

  ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА БРОД од 149 УСД по лице


ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА  TIMES SQUARE FAMILY PASS NEW YEARS EVE

Мислења за понудата

Нема мислења за оваа понуда.

Остави мислење

Рејтинг