ТЕРМИНИ: 06-09.04.2018/27-30.04.2018/10-13.06.2018/06-09.09.2018/07.10-10.10.2018

ЦЕНА СО ПОПУСТ  ЗА РАНА  УПЛАТА:   299 EUR до 17.03

* РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   379 EUR    

 Париз – град на светлината, модата, љубовта, виното…град кој никого не остава рамнодушен!

ОПИС на програмата:

1 ден  – Скопје-Париз    

Состанок на групата на скопскиот аеродром “Александар Велики” во 16:00 часот. Полетување за Париз во 17:45ч, пристигнување во Париз на аеродромот “Бовез” во 20:50 .Трансфер до хотелот . Ноќевање..

2 ден  –    Париз   СЛОБОДЕН ДЕН  

Појадок. Факултативно, панорамски разглед на градот со метро / пеш и водич: Операта, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам со островото Сите, Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната капија, Елисејските полиња… Сместување во хотел. Попладнето прошетката продолжува со Факултативно , вечерно крстарење по Сена, романтично пловење со брод со прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот… . Нокевање.

3 ден   –   Париз  ( Факултативна индивидуална  посета на Дизниленд )             

Појадок. Препорака посета на Дизниленд . Посетете ги двата парка во забавниот парк Дизниленд. Слободен ден

4 ден  –   Париз-Скопје  ( Факултативни  посети на Лувр и Версај )                      

Појадок. Полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетениот музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат дел од најпознатите уметнички дела на светот, како Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, Сплавот на медуза и голем број познати дела од Рембрант, Рубенс… (одење и враќање со метро). Попладне факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви… Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата… како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило…Во попладневните часови посета на катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт и Луксембуршките градини,…

Организиран превоз до аеродром во 18.00 часот. Полетување за Скопје во 21:20, слетување во 23.55 часот.

Понудата е по лице и вклучува:

Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје

3 ноќевања со појадок во хотел 3 *** во Париз / La Defence  локација на хотелот

Организиран превоз со автобус /мини бус  од аеродром до хотел и обратно

Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)

Организација на патување

Пратител на групата

УСЛОВИ:

За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на враќање во државата

Напомена: За да се резервираат дополнителните екскурзии со цел да се обезбеди сигурна реализација, потребна е резервација при самата уплата на аранжманот

Во цената не е вклучено:

Багажот не е вклучен во цената и е според условите на Визер ВАЖНА НАПОМЕНА ЗА БАГАЖ

Багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg)  4700 денари во два правци

ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД ЧЕКИРАН БАГАЖ, ПРЕПОРАЧУВАМЕ ТОА ДА ГО СТОРИТЕ ПРИ САМОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА АРАНЖМАНОТ ( НА АЕРОДРОМ ДОКОЛУ ПЛАЌАТЕ ЦЕНИТЕ СЕ ДВОЈНО ПОСКАПИ )

  • Аеродромски такси 3.100,00 денари
  • Превозите со Метро не се вклучени во цената се плаќаат на лице место.
  • Тричасовен панорамски Разглед на градот Париз ………….. 30,00 ЕУР по лице со метро / пеш и водич
  • За разглед на градот  со организиран превоз / водич  во траење од три часа 50,00 ЕУР по лице
  • Посета на Ајфелова Кула – 20 ЕУР ( влезница до II-риот спрат)
  • Посетана Лувр – 35 еур влезница+водич (се патува со метро, картите секој сам си ги купува)
  • Посета на Версај – 60 еур
  • Брод по Сена – 15 ЕУР
  • Посета на Мулен Руж (цена 115 еур со пијалок шампањ+место за седење со резервација)
  • ЦЕНИТЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ВАЖАТ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА, ЗА ПЛАКАЊЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО

ВО ПАРИЗ СЕ ПОСКАПИ ЗА ПЛУС 15 % НА НАВЕДЕНИТЕ ЦЕНИ

  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 220 мкд
  • ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА НЕ Е ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА И ЈА ПЛАКА СЕКОЈ САМ НА РЕЦЕПЦИЈА А ИЗНЕСУВА
  • ОКОЛУ 1,50 ЕУР по Лице на ДЕН

НАПОМЕНИ: 
–  Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба
–  За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 18 патници
–  За овој аранжман важат Општите услови за патување
– За резервации во период на рана уплата потребен е уплата од  100% од вкупнот износ на аранжманот до предвидениот датум

ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА Т.А. ОРФЕЈ – СКОПЈЕ